Најдобрата прихрана за собни растенија: Измешајте 3 состојки

Ако вашите растенија почнале да венеат, ова решение ќе ги врати во живот. Наместо хемикалии, користете го овој домашен раствор и растенијата ќе растат како луди.

Нема некоја филозофија, ќе ви требаат едноставни состојки кои или веќе ги имате дома, или ќе ги најдете во секоја продавница.

Потребни состојки:

  • кора од 1 банана
  • 1 лажица мелено кафе
  • лушпа од 1 јајце
  • 300 мл вода

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте ги. Со добиениот раствор наводнете ги вашите клапнати растенија, а резултатот ќе биде видлив веќе следниот ден.

Растворот можете да го истурите и во саксии со здрави домашни растенија, а тие ќе станат уште побујни и позелени. Ако сакате вашите цвеќиња секогаш да изгледаат здраво и неверојатно, истава постапка повремено повторувајте ја.

Како овие состојки влијаат на растенијата?

Бананите имаат калиум, фосфор и калциум и токму поради оваа причина позитивно делуваат на растенијата. Овие хранливи минерали се исклучително корисни за растенијата во процесот на обновување. Фосфорот во бананата помага и за добар раст на корените и новите изданоци.

Лушпите од јајце содржат преку 30% калциум. Приближно секоја лушпа обезбедува околу 4 милиграми калциум. Покрај калциум содржат и магнезиум, фосфор, калиум и натриум и околу 5% органска материја, што е од големо значење за квалитетот на почвата. Органската материја се наоѓа во мембраната која останува на обвивката во форма на протеин и е значаен извор на азот. Ако не ги миете лушпите од јајцата, содржината на органска материја може да биде поголема.

Советуваме и барем еднаш неделно да ги бришете растенијата со влажна крпа за да ја отстраните прашината и да им дозволите на растенијата лесно да дишат и преку листовите да примаат повеќе сонечва светлина.

Тагови
реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром

Read more

16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје

Read more

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Read more

Живот

Големи промени за 3 хороскопски знаци до крајот на јануари

Read more

Прогласена најдобрата мачка во светот

Read more

Собни растенија што се најдобри за вашиот дом во зима

Read more

Кога е вистинското време да ги пресадите вашите собни растенија?

Read more
 

Магазин

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Читај повеќе

Зошто срцевите удари се почести во текот на зимските месеци?

Читај повеќе

Големи промени за 3 хороскопски знаци до крајот на јануари

Читај повеќе

Кога крцкањето на колената е опасно и треба да одите на лекар?

Читај повеќе

Дали е во ред да пиете кафе кога имате грип?

Читај повеќе

Прогласена најдобрата мачка во светот

Читај повеќе

Дали подгреаните тестенини се поздрави од тазе зготвените?

Читај повеќе

Собни растенија што се најдобри за вашиот дом во зима

Читај повеќе

Што се случува со крвниот притисок кога пиете вода?

Читај повеќе