Најдобрите голови на Ѕола пред пензионирањето
Џанфранко Ѕола е жива легенда на италијанскиот фудбал. Кариерата ја заврши во 2005 година во дресот на Каљари, најдобриот тим од островот Сардинија, каде што е роден.
Ѕола кариерата ја почна во локалниот Корази, а сениорската кариера ја почна од Нуорезе. Потоа се пресели во Сасари, а островот го напушти кога замина во Наполи. Оттаму преку Парма стигна во Челси за во 2003 да се врати на Сардинија.
Ова се најдобрите голови на маестро Ѕола во дресот на Каљари пред да ја заврши кариерата.