Најдобрите модни избори на Мет гала 2023
Тема на модниот настан на годината, Мет гала, годинава беа комбинации инспирирани од Карл Лагерфелд, а многу познати личности на различни начини му оддадоа почит на легендарниот дизајнер.
Отворањето на новата изложба на Институтот за костими на Метрополитен музејот на уметност во Њујорк е резервирано за првиот понеделник во мај секоја година, а оваа година познатите го славеа Карл Лагерфелд.
Изложбата „Karl Lagerfeld – The Beauty Line“ го слави животот и делото на покојната дизајнерска легенда, а познатите гости од Ријана, Наоми Кембел до ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, добија задача да се стилизираат „во негова чест“.
Тенисерката Серена Вилијамс и моделот Карли Клос одлучија да соопштат дека се бремени, покажувајќи ги трудничките стомачиња на синоќешната Мет гала.
Повеќето гости носеа комбинации во црно-бели нијанси, преференца на Карл, а имаше и многу твид, бисери, синџири и камелии - кои беа неговиот потпис додека работеше за Chanel од 1983 година до неговата смрт.