Најдобрите подводни фотографии за 2021
Познати се победниците на натпреварот Underwater photographer of the year во кој се бираат најдобрите подводни фотографии.
Американката Рене Капозола стана првата жена победник на главната награда на натпреварот, благодарение на нејзината фасцинантна фотографија со ајкули направена во Француска Полинезија.
Од пристигнати 4.500 фотографии од натпреварувачи од 68 земји, оваа фотографија привлече најголеми внимание. Во галеријата ќе ги погледнете победниците во сите категории.