Најдобрите свадбени фотографии на деценијата
Одличните свадбени фотографи мора да имаат визија, но и да бидат подготвени за менување на планот во секоја ситуација.
Снимаат на летни горештини, на поројни дождови, во домашни услови, но и на планина, во пустина, па дури и во пештера. Само да им се удоволи на младите (океј, главно на невестата).
Ова се избраниците на натпреварот 50 најбрилијантни концепти за свадбена фотографија во изминатата деценија, во организација на Worlds Best Wedding Photos.