Појадокот е најважниот оброк во денот. Дава енергија за правилно започнување на денот и подготовка за сите обврски. Појадокот е добар од многу причини, а една од нив е позитивното влијание на високиот крвен притисок.
Хранливиот појадок може да ви помогне да го намалите крвниот притисок, вели диететичарката Мишел Рутенстин.
„Појадокот обезбедува клучни хранливи материи кои му помагаат на срцето поефикасно да ја врши својата работа, подобрувајќи го тонот на крвните садови и крвниот притисок“, објаснува таа за Eating Well.
Експертите препорачуваат појадок во рок од еден час по будењето за да се одржи здрав крвен притисок.
„Ова време му помага на телото рано да го врати балансот на шеќерот во крвта, да го намали товарот на кардиоваскуларниот систем и да го стабилизира крвниот притисок“, истакнува нутриционистката Вандана Шет.
Рутенстин се согласи со неа, додавајќи дека „јадењето појадок во рок од 30 до 60 минути по будењето може да помогне во регулирањето на крвниот притисок со намалување на нивото на хормонот на стрес кортизол, подобрување на чувствителноста на инсулин и обезбедување на хранливи материи кои го намалуваат крвниот притисок“.
Ако не сте навикнати да појадувате секој ден, вреди да се обидете да го додадете тој оброк во вашата рутина, дури и ако не успеете да го јадете во рок од еден час по будењето.
„Секогаш ги советувам моите пациенти дека најдобро време за појадок е кога можат да седнат, да уживаат во оброкот и да го направат рутински“, вели диететичарката Кејти Хедли, додавајќи: „Не е важно само што јадете, туку и како јадете. Побавното уживање во оброкот има позитивен ефект врз варењето и крвниот притисок“.
Како главни придобивки од појадокот, диететичарките ги издвоија:
- Подобар крвен притисок
- Пониски нивоа на стрес хормони
- Нутриционистичко здравје на срцето
- Регулирање на шеќерот во крвта
Од храната што треба да ја јадете најмногу, Хедли советува вашиот појадок да биде „комбинација од храна како овошје, зеленчук, цели зрна и јаткасти плодови, со најмалку 20 грама протеини и минимална сол“. Сепак, таа советува и да не се јаде толку многу печива и преработки од месо, како колбаси, кои можат да содржат голема количина натриум.