Најдоброто од Наполи сезонава
Најдобрите моменти на тимот од Неапол во досегашниот дел од сезоната 2019/20.
Наполи моментално е на 6. место со 39 бодови. Најдобар стрелец е Полјакот Аркадиуш Милик со 9 голови, пред Дрис Мертес со 6 и Лоренцо Инсиње со 5. Најмногу асистенции има Хосе Каљехон, 6, а по 5 пати асистираа Инсиње и Мертенс.
Сите 26 натпревари ги одигра единствено Пјотр Желињски, иако не беа сите од почеток бидејќи на 3 влегуваше од клупата. Еден помалку одиграа Инсиње и десниот бек Џовани Ди Лоренцо кој пак има најмногу минути на терен, вкупно 2.250, односно сите 90 минути на 25-те натпревари.