Најдоброто од Пандев и Џеноа сезонава
Компилација на најдобрите голови постигнати од играчи на Џеноа сезонава.
Симпатичниот тим на Џеноа сезонава постигна 31 гол во Серија А. Двајца играчи водат со по 7 голови. Иако бек, еден од двајцата најдобри стрелци е капитенот Доменико Кришито, но тој е всушност главниот пеналџија во тимот па оттаму сите голови му се од белата точка. Другиот е нашиот Горан Пандев кој постигна и неколку убави голови.
Останатите стрелци на Џеноа се: Кристијан Куаме (5 голови), Антонио Санабрија (3), Андреа Пинамонти и Франческо Касата (2), а по 1 имаат Ласе Шене, Кристијан Сапата, Кевин Агудело, Стефано Стураро и Адама Сумаоро.