YouTube каналот Pro Fish Hunter, посветен на умешноста за ловење риби, објави видео за интересниот начин ловење риби на едно дете.
Малиот рибар користи неколку стапови, јаже со јадици и празни пластични шишиња, како и малку тесто како мамка. Целиот процес може да го видите во видеото, а очигледно е дека за малиот рибар ова не е прв пат вака да лови риби.
Довршувајќи ја инсталацијата, момчето чека три часа, а откако ќе се врати гледаме колку риби успеал да фати. Многумина му се восхитуваат на неговото трпение и вештини.
„Неверојатна техника, но уште поимпресивно момче. На толку млада возраст тој веќе е голем рибар и има неверојатна сила. Знам дека ќе успее понатаму во животот“, гласи еден од коментарите на видеото.
„Би сакал да имам мотивација и трпение како ова дете. Момчево е неверојатно“, смета друг.