Најдолговечните модели на автомобили: Се произведуваат повеќе од половина век

Автомобилската индустрија е богата со модели кои оставиле длабока трага во историјата и се продадени во десетици милиони примероци. Некои од нив имаат работен век повеќе од 80 години.

Од денешна перспектива, кога производителите на автомобили често одлучуваат да го променат името на моделот, првенствено од маркетиншки причини, изгледа невообичаено возилото да носи иста ознака повеќе од осум децении.

А токму тоа е случај со најстариот модел на оваа листа. Станува збор за Chevrolet Suburban, чија прва генерација ја виде светлината на денот во далечната 1935 година и која континуирано се произведува под истото име веќе 86 години.

Вториот на листата е американски модел, камион од серијата F на Ford, кој на патиштата се појави во 1947 година. Со оглед на тоа што овој модел се произведува и денес, јасно е дека на пазарот е над 74 години.

Повеќе од седум децении на патиштата има само уште два модела, а еден од нив доаѓа од германскиот автомобилски гигант Volkswagen. Сепак, не се работи за познатата „Буба“, како што веројатно очекувате, туку комбето Transporter, или Type 2, само уште еден модел што излезе од фабриката во Волфсбург. „Тип 2“ се појави во 1950 година, а се произведува и денес, се разбира во модерна верзија како шеста генерација.

Една година подоцна, во 1951 година, Toyota лансираше теренец Land Cruiser, па влезе и во ексклузивниот Клуб 70.

Што се однесува до споменатата „Буба“, оригиналниот модел се произведуваше од 1938 до 2003 година, што значи точно 65 години, а бидејќи модерната верзија која се појави во 1997 година се викала „Нова буба“, веб-страницата alansfactoryoutlet.com која ја состави оваа листа, не ги вклучи двете генерации на модерната верзија (1997-2019).

Ако ги изброиме, излегува дека „Бубата“ во една од верзиите владее 81 година.

Ова се 35-те најдолговечни автомобилски модели на сите времиња:

  1. Chevrolet Suburban — од 1935 до денес (86 години)
  2. Volkswagen Beetle — од 1938 до 2003 (65 години)
  3. Jeep CJ — од 1944 до 1986 (46 години)
  4. Ford F-Series — од 1947 до денес (74 години)
  5. Citroën 2CV — од 1948 до 1990 (42 години)
  6. Volkswagen Transporter — од 1950 до денес (71 години)
  7. Toyota Land Cruiser — од 1951 до денес (70 години)
  8. Chevrolet Corvette — од 1953 до денес (68 години)
  9. Mercedes-Benz S-Class — од 1954 до денес (67 години)
  10. Toyota Crown — од 1957 до денес (66 години)
  11. Nissan Skyline — од 1957 до денес (64 години)
  12. Mini — од 1959 до 2000 (62 години)
  13. Peugeot 404 — од 1960 до 1991 (31 години)
  14. Renault 4 — од 1961 до 1994 (33 години)
  15. Jeep Wagoneer — од 1961 до 1991 (30 години, се враќа во 2022)
  16. Porsche 911 — од 1963 до денес (58 години)
  17. Ford Mustang — од 1964 до денес (57 години)
  18. Chevrolet Camaro — од 1966 до денес (55 години)
  19. Toyota Corolla — од 1966 до денес (55 години)
  20. Toyota Century — од 1967 до 2017, 2018- (50 години)
  21. Jaguar XJ — од 1968 до денес (53 години)
  22. Suzuki Jimny — од 1970 до денес (51 години)
  23. Range Rover — од 1970 до денес (51 години)
  24. Honda Civic — од 1972 до денес (49 години)
  25. Volkswagen Passat — од 1973 до денес (48 години)
  26. Volkswagen Golf — од 1974 до денес (47 години)
  27. Volkswagen Polo — од 1975 до денес (46 години)
  28. BMW 3 Series — од 1975 до денес (46 години)
  29. Ford Fiesta — од 1976 до денес (45 години)
  30. Honda Accord — од 1976 до денес (45 години)
  31. Lada Niva Legend — од 1974 до денес (44 години)
  32. Mercedes G-Class — од 1979 до денес (42 години)
  33. Fiat Panda — од 1980 до денес (41 години)
  34. Land Rover Defender — од 1983 до 2016 (33 години)
  35. Jeep Wrangler — од 1986 до денес (35 години)

Од моделите кои се популарни кај нас, треба да ги споменеме пред сѐ Honda Civic (49 години), Volkswagen Passat (48), Volkswagen Golf (47), Volkswagen Polo (46), неизбежната Lada Niva (44), и Fiat Panda (41).

Клик на сликата за поголема верзија.

 

 

 

Тагови
реклама

Како изгледа балканско семејство на плажа?

Read more

Шест љубовни парови создадени еден за друг

Read more

Како да ја оживеете намалената желба за секс?

Read more

25 јуни 1876, Индијанците ја поразиле американската војска кај Литл Бигхорн

Read more

Авто новости

За 17 минути и 28 секунди се распродаде My Ami Buggy на Citroën

Read more

Дебитираше новиот Peugeot 408

Read more

Маск: Новите Tesla фабрики губат милијарди долари

Read more

Ford Focus ќе се пензионира во 2025 година

Read more
 

Автомобили

  • filter

За 17 минути и 28 секунди се распродаде My Ami Buggy на Citroën

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дебитираше новиот Peugeot 408

Читај повеќе

Маск: Новите Tesla фабрики губат милијарди долари

Читај повеќе
  • filter

Ford Focus ќе се пензионира во 2025 година

Читај повеќе

Нов профитабилен бизнис: Фабрички реновирани половни автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најчудни дизајни на автомобили во историјата

Читај повеќе

Германија против забраната за автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година

Читај повеќе

Како да се намали потрошувачката на гориво додека цените вртоглаво растат?

Читај повеќе

Фабрички податоци за потрошувачката на гориво – реалност или заблуда?

Читај повеќе