Најголемата фудбалска трагедија: Денот кога загина целиот тим на Торино

Филип Здравески
/ 04.05.2023 / 18:16

Денеска е денот кога заминале два големи лика од македонската историја: Гоце Делчев и Јосип Броз Тито. Но, денеска е и денот кога во авионска несреќа загинал целиот тим на Торино, тогаш шампион на Италија и најдобар тим во Европа.

Не бадијала ги викале Гранде Торино. Четири последователни Скудета, на пат биле да го грабнат и петтото, пред судбината да ги покоси.

Италија се опоравувала по Втората светска војна, но една група на момци жареле и палеле по зелениот терен. Им немало рамен. Сѐ почнало во сезоната 1942/1943 кога со 20 победи, 4 нерешени и 6 порази Торино станал шампион на Италија. Потоа поради војната им била скратена шансата да победуваат наредните две сезони, но од 1945/1946 им се вратиле на победите. Повторно биле најдобри, како и во наредните сезони 1946/1947 и 1947/1948.

Кобниот лет

На пет кола до крајот од сезоната 1948/1949 Торино гостувал во Милано кај главниот конкурент Интер. Натпреварот завршил без голови и Торино ја задржал предноста од 4 бодови, со што практично ја заверил титулата иако математички не било така. Потоа Торино заминал во Португалија на пријателски натпревар кај Бенфика во Лисабон во чест на нивниот капитен Шику Ферејра.

Составот на последниот натпревар
Составот на последниот натпревар

Наредниот ден, на 4 мај со авионот тип Fiat G.212CP се враќале дома полетувајќи во 9:40 часот. Во 13 часот авионот слетал во Барселона за да наполни гориво. Во 16:55 часот веќе биле во близина на Торино кога пилотите во комуникација со аеродромската кула пријавиле дека временските услови се многу лоши.

„Облаците се скоро во контакт со земјата, истура дожд, силен порој со налети, многу слаба хоризонтална видливост, околу 40 метри“.

Аеродромската кула побарала информации за нивната локација. По неколкуминутна тишина стигнал одговор.

„Висина од 2 илјади метри. Ќе се пријавиме кај Пино, потоа вртиме кон Суперга“.

Во 17 часот и 3 минути авионот се урнал во брдото Суперга, во близина на тамошната базилика. Во 17:05 кулата пробала да воспостави контакт со авионот, но безуспешно.

Во несреќата загинале сите 31 лице во авионот: 4 членови на екипажот, 18 фудбалери, 3 членови на стручниот штаб, 3 членови на управата на клубот и 3 новинари.

Фудбалери:
Валерио Бачигалупо, 25 години, голман
Дино Баларин, 23, голман
Алдо Баларин, 27, одбрана
Емиле Бонџорни, 28, напаѓач
Еузебио Кастиљано, 28, средина
Рубенс Фадини, 21, средина
Гуљелмо Габето, 33, напаѓач
Роџер Ревели Грава, 27, средина
Џузепе Греѕар, 30, средина
Еѕио Лоик, 29, десно крило
Вирџилио Ромуалдо Марозо, 23, лев бек
Данило Мартели, 25, средина и крило
Валентино Мацола, 30, напаѓач
Ромео Менти, 29, напаѓач
Пјеро Оперто, 22, одбрана
Франко Осола, 27, напаѓач
Марио Ригамонти, 26 одбрана
Јулиус Шуберт, 26, крило

Торино беше предводен од 37-годишниот Англичанец Лесли Ливесли, кој исто така загина заедно со техничкиот директор Унгарецот Егри Ербштајн (50) и масажерот Отавио Кортина (52). Во авионот беа и тројца членови на клупската управа: Еџидио Ањизета (55, генерален директор), Иполито Чивалери (66, асистент) и Андреа Бонајути (организатор).

Загинаа и тројца новинари, по еден од Tuttosport (Ренато Казалборе, 58), Gazzetta del Popolo (Ренато Тозати, 40) и La Nuova Stampa (Луиџи Кавалеро, 42), сите од Торино.

Тоа мајско пладне загина и четиричлениот екипаж на чело со пилотот Пјерлуиџи Мерони (33), копилотот Чезаре Бјанчарди (34), техничарот Челесте Д'Инка (44) и радиотелеграфичарот Антонио Панграци (42).

Погребната поворка со ковчезите на Мацола и Бачигалупо
Погребната поворка со ковчезите на Мацола и Бачигалупо

На 6 мај, на денот на погребот, Италијанската федерација донела одлука Торино да биде прогласен за шампион иако до крајот имало 4 преостанати кола. Првенството продолжило, Торино настапувал со младинскиот тим, а неговите противници Фиорентина, Џеноа, Сампдорија и Палермо доброволно и тие играле со младинци во натпреварите со Торино.

Преживеани

Дефанзивецот Сауро Тома е единствениот од првиот тим кој останал жив бидејќи поради повреда на менискусот не ни отпатувал за Португалија. Вториот голман Ренато Гандолфи бил болен од грип, па и тој останал жив. Капитенот на младинскиот тим, Луиџи Џулијано, повремено игран и во првиот тим, исто така поради грип останал дома. Грип го спасил и претседателот на клубот, Феручо Ново.

За малку ќе загинел и селекторот кој Италија ја одведе до две титули светски шампион, во 1934 и 1938. Виторио Поцо тогаш бил новинар, но место него клубот одлучил да патува Луиџи Кавалеро од La Nuova Stampa.

Мундијалот во Бразил 1950

Смртта на играчите на Торино страшно ја погодила и репрезентацијата на Италија. Мацола, Баларин, Греѕар, Марозо, Менти, Лоик, Кастиљано, Габети, Ригамонти и Бачигалупо биле сите репрезентативци.

Валентино Мацола, Ецио Лоик и Алдо Баларин во репрезентацијата
Валентино Мацола, Ецио Лоик и Алдо Баларин во репрезентацијата

Италија скрпила тим на чело со токму претседателот на Торино, Феручо Ново, и по наредната година заминала на Мундијалот во Бразил, каде наместо да биде еден од фаворитите за пехарот на Жил Риме, отишла колку да учествува. Италија со преполовениот состав испаднала уште во групната фаза, а во тимот наместо да доминираат играчите на Торино, таму биле некои други момци.

Торино никогаш повеќе небеше истиот клуб. Уште само еднаш успеа да стане шампион и тоа дури во сезоната 1975/1976, а после тоа седмо Скудето до ден денес чека некој нов Гранде тим. После Суперга, клубот освои и 3 титули во Копа Италија и тоа во 1968, 1971 и 1992 година, а оттогаш навивачите сонуваат за било каква титула бидејќи веќе 31 година клубот нема освоено ништо.

Тоа мајско пладне смени сѐ...

URL
URL
URL
URL
URL

реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Спорт

Најголемата фудбалска трагедија: Денот кога загина целиот тим на Торино

Read more

Македонија - Малта низ објектив

Read more

Подготовки за Малта

Read more

Македонија - Грузија низ објектив

Read more
 

Фото

  • filter

2 јуни 1953, крунисана била кралицата Елизабета II

Читај повеќе
  • filter

1 јуни 1980, почнал со работа CNN

Читај повеќе
  • filter

31 мај 1859, почнал да работи часовникот Биг Бен во Лондон

Читај повеќе
  • filter

30 мај 1913, со поделба на Македонија завршила Првата балканска војна

Читај повеќе
  • filter

Поглед во луксузниот авион HondaJet Elite II

Читај повеќе
  • filter

29 мај 1953, првпат бил освоен највисокиот планински врв Монт Еверест

Читај повеќе
  • filter

28 мај 1937, основан бил автомобилскиот гигант Volkswagen

Читај повеќе
  • filter

27 мај 1937, пуштен бил во употреба мостот Голден Гејт

Читај повеќе
  • filter

26 мај 1942, потпишан бил Англо-советскиот воен договор

Читај повеќе