Најголемата лага на ЦИА од Студената војна со СССР

Летото во 1974 година од Лонг Бич во Калифорнија исплови еден огромен и необичен брод, упатен кон средината на Тихиот Океан каде, како што се фалеа неговите сопственици, требаше да почне нова револуционерна индустрија под површината на водата.

Опремена со најсовремена платформа и најнова опрема за дупчење, бродот беше дизајниран да досегне низ темната вода до богатството на океанското дно.

Се сметаше за најхрабриот чекор кон отворање на ново „боиште“ во рударската индустрија – вадење скапоцени метали од карпите на морското дно.

Меѓутоа, наспроти возбудата и фамата околу овој потфат, имаше еден мал детаљ – целата експедиција беше лага.

Ова беше измама од најголеми размери во време на Студената војна, но придвижи промени чии последици се чувствуваат и сега, речиси половина век подоцна.

Вистинската мета на екипажот на овој брод беше изгубена советска подморница. Шест години претхоно, подморницата „К-129“ потона на околу 1.500 милји северозападно од Хаваи додека пренесуваше балистички нуклеарни проектили.

 

Русите не успеаја да ја најдат и покрај масовната потрага, но американската мрежа на подводни локатори на звук ја регистрираа експлозијата што ги донесе американските тимови до изгубената подморница.

Ја најдоа на длабочина од три милји, подлабоко од која било друга дотогашна мисија за извлекување. Сепак, во борбата за воена предност, оваа подморница и нејзиното истражување претставуваа шанса да се испитаат нуклеарните проектили и поморските комуникации на Москва.

Задоа ЦИА го направи дрскиот план „Проект Азоријан“, за извлекување на подморницата. Како тоа да не беше доволно голем предизвик, мисијата имаше уште една препрека – требаше да биде изведена без да дознаат Русите.

Агентите мораа да направат „параван“, па смислија лажна мисија за копање руда на морското дно. Меѓутоа, им требаше и некој што ќе ја поддржува таа мисија – некој богат и доволно екцентричен за да изгледа веродостојно дека сака да инвестира во таков потфат. Повлечениот и мистериозен милијардер и пронаоѓач Хауард Хјуз се покажал совршен за улогата.

Тој се согласил да учествува во параван мисијата и во негово име беше направен уникатниот брод, што пред јавноста, беше опремен со сѐ што е потребно за копање на дното на морето.

Меѓутоа, бродот „Hughes Glomar Explorer“ всушност беше опремен со генијални уреди како од филм со Џејмс Бонд, вклучувајќи скриена џиновска клешта што требаше да се закачи на подморницата.

Шест години по потонувањето на подморницата, ЦИА беше подготвена. Проектот вредеше 500 милиони долари, што во 1974 година беше еквивалентно на трошоците за изградба на неколку носачи на авиони или за лансирање на мисијата Аполо на Месечината.

Никој претходно се немаше обидено да изведе нешто од вакви размери и тоа во услови под вода. Самата подморница тежеше речиси 2.000 тони, а челичната цевка долга три милји што требаше да ја влече ѝ додаваше на тежина.

Им беа потребни нови системи за да може бродот да се одржи на позиција и да го влече огромниот товар. Дејв Шарп, еден од агентите на ЦИА, се сеќава дека сите на бродот биле многу загрижени и исплашени дека морето ќе го распарчи бродот во процесот на влечење на подморницата.

Тоа не била единствената компликација. За изведување на операцијата требало смирени временски услови и идеално време за тоа било на лето. Меѓутоа, токму на почетокот на летото во 1974 година, претседателот на САД Ричард Никсон бил во посета на Москва, на мировен самит.

Воопшто немало да биде од помош ако ги фателе како крадат советска подморница, па Никсон инсистирал да се почека со операцијата додека не излезе од Русија. Тоа се случило на 3 јули. Тогаш бродот „Hughes Glomar Explorer“ бил одлично позициониран и акцијата почнала наредниот ден.

Но, операцијата не се одвивала глатко. Шарп се сеќава дека постојано се кршеле пумпи и зглобови. Силни вибрации го треселе бродот додека „заробеното пловило се удирало на брановите“. Било вистинско чудо како џиновската челична клешта успешно се закачила на подморницата. Но, тогаш следела катастрофата. Во еден момент од транспортот, отпорот бил премногу голем и еден дел од клештата се откачил и подморницата пак паднала на морското дно. Во клештата останал само предниот дел. Биле најдени шест тела на членови на советскиот екипаж и подоцна биле достојно погребани на море. Проектилите и книгите со кодови што биле цел на мисијата никогаш не биле најдени.

Во официјалната историја на ЦИА оваа мисија е забележана како еден од најголемите разузнавачки подвизи, но наскоро испливале на површина сомнежи околу тоа дали вределе потрошените пари. Една година подоцна, биле јавно соопштени сензационалните детали и плановите за продолжување на мисијата биле откажани.

Шарп вели дека откритието дека плановите за подводно копање руда биле лажни бил „ненадеен шок“ за другите рударски компании и за дипломатите на ОН кои биле среде преговори за права за вадење руда во океаните во иднина. Цените на акциите на рударските компании стрмоглаво паднале. Исто така, засекогаш згасна идејата за копање руда на морското дно.

реклама

Како изгледа балканско семејство на плажа?

Read more

Украинки продадоа разголени фотографии за 800.000 долари за помош на својот народ

Read more

Јаглехидрат што најдобро помага за топење на салото на стомакот

Read more

Со ракета погоден преполн шопинг-центар во градот Кременчук, има жртви

Read more

Чек дис аут

Дали среќата се купува со пари?

Read more

Зошто шахот треба да биде задолжителен предмет во училиште?

Read more

Фејл компилација на неделата

Read more

Како изгледа балканско семејство на плажа?

Read more
 

Магазин

Топлотен бран: Што треба да знаете и како да се заштитите?

Читај повеќе

Кога не е добро време да ги миете забите?

Читај повеќе

Стогодишник од Шкотска сѐ уште работи и нема намера да се пензионира

Читај повеќе

Што да направите за салатата подолго да остане свежа?

Читај повеќе

Како без правосмукалка да исчистите скршено стакло?

Читај повеќе

Моден викенд Скопје со млади сили одбележа 25 сезони

Читај повеќе

Препораки како да се заштитите од високите температури

Читај повеќе

За блескави подови, во водата за чистење додајте кујнска сол

Читај повеќе

Како сами да го исчистите домашниот клима уред?

Читај повеќе