
Најголемата санта мраз во светот повторно е во движење, плови во Јужниот Океан по неколку месеци вртење во место, соопштија научниците од Британското Антарктичко истражување (BAS).
Сантата A23a беше внимателно следена од научниците откако се отцепи од ледената покривка Филхнер-Роне во 1986 година. Остана приземјена на антарктичкото дно на Веделското Море повеќе од 30 години.
Ледениот брег потоа бил несен од морските струи пред повторно да се заглави во Тејлоровиот столб –ротирачкиот воден вртлог предизвикан од ударот на океанските струи на подводна планина, пишува CNN.
Сега кога ледениот брег се ослободи, научниците очекуваат да продолжи да плови по океанските струи кон потоплата вода и оддалечениот остров Јужна Џорџија, каде што најверојатно ќе се распадне и на крајот ќе се стопи, се вели во соопштението на BAS објавено во петокот.
А23а ја држела титулата „најголема санта мраз во моментов“ неколку пати од 80-тите наваму.