Најголемите спортски федерации одржаа состанок по повод претстојната корона-сезона

Четирите најголеми македонски спортски федерации се собраа во домот на ФФМ и одржаа состанок разгледувајќи ја ситуацијата која ја наметнува пандемијата со коронавирусот во која ќе се игра новата сезона во фудбалот, кошарката, ракометот и одбојката.

Фото: ФФМ

На состанокот во „Куќа на фудбалот“, седиштето на Фудбалската федерација на Македонија во Ново Лисиче, присуствуваа генералниот сектретар на ФФМ, Филип Поповски во својство на домаќин, потоа првите оперативци на КФСМ и ОФМ, Владимир Георгиевски и Зоран Карановиќ, претставникот на РФМ, Славе Николов, како и комесарите за натпреварувања во четирите наши најголеми федерации.

Главна тема на состанокот беа здравствените протоколи за спортските натпревари и предизвиците со кои се соочуваат организаторите на натпреварувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а се во директна поврзаност со мерките за заштита на здравјето на спортистите и спортските работници.

Спроти почетокот на новата натпреварувачка сезона и репрезентативните квалификациски натпревари, федерациите веќе изготвија свои здравствени протоколи одобрени од надлежните институции, но суштинската забелешка која присутните ја споделија, се однесува на различното толкување во однос на тестирањето и евентуалната потврда за присуство на вирусот COVID-19 кај спортистите кои извршиле тестирање и начинот и постапката за евентуално одредување карантин или самоизолација на поединци, односно група на спортисти.

Генералните секретари од националните федерации се согласија дека една од важните иницијативи која федерациите ќе ја предложат до надлежните институции е формирање на посебно, стручно тело во рамки на државниот орган за спорт, чија обврска би била комуникација, соочување и решавање на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат федерациите и спортските тимови во услови на пандемија, сѐ со цел навремено да започнат националните првенства.

Фото: ФФМ

„За нас, како Фудбалска федерација на Македонија е исклучително важно да го започнеме новото првенство според предвидениот календар, од причина што веќе од идниот месец ќе бидеме организатори и на низа меѓународни натпревари на репрезентациите, а тимовите ги очекуваат и натпревари од европските купови. ФФМ од месец март изготви протокол за фудбалски натпревари, клубовите веќе ги работат тренинзите и контролните натпревари според тој здравствен протокол, но сепак останува нејасна постапката во однос на патувањата надвор од државата и враќањето на екипите и репрезентациите во нашата држава. Она што е важно да напоменеме е дека ние во пропоцизиите за натпреварување ќе донесеме посебни забелешки поврзани со здравствениот предизвик со кои сите се соочуваме, истакна Филип Поповски, генералниот секретар на ФФМ.

Претставниците на кошаркарската, одбојкарската и ракометната федерација истакнаа дека ситуацијата во која се наоѓаат е веројатно покомплексна бидејќи натпреварите се играат во затворен простор, но ги споделија речиси истите проблеми со кои се соочуваат во однос на тестирањето на играчите и официјалните лица, како и патувањата надвор од државата за клупски и репрезентативни натпревари. Изразија надеж дека државните институции треба да најдат начин да бидат и логистичка, па дури и финансиска поддршка во однос на почетокот на натпреварувањата и тестирањето на екипите.

Заклучоците од состанокот ќе бидат презентирани до здравствените власти во државава и до државното тело за спорт.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе