Лос Анџелес Лејкерс доживеа шокантен пораз на гостувањето кај Чикаго со 119:117, и тоа со тројка од центар со звукот на сирената.

Лејкерс имаа предност од пет поени (115:110) на 12 секунди до крајот на натпреварот и се чинеше дека се на пат до 45-тата победа сезонава.
По еден тајмаут, Булс ја намалија негативата на само два поена со тројката на Патрик Вилијамс преку Леброн Џејмс, кој одигра многу лоша одбрана, но Лејкерс сепак имаа сѐ во свои раце.
Леброн ја зеде топката за да ја изведе, но тоа го направи на катастрофален начин и практично ја додаде во рацете на Џош Гиди, кој веднаш му ја додаде на Коби Вајт, кој пак со тројка му донесе водство на Чикаго од 116:115.
Lebron didn’t guard his man
— 🎩 (@HardenUTD) March 28, 2025
Turned the ball over
Bulls take the lead
Game has left you Akron pic.twitter.com/FRR1UYrGwg
На Лејкерс им останаа уште шест секунди да упатат победнички удар, а по три секунди Лука Дончиќ му асистираше на Остин Ривс за положување и водството на тимот од Лос Анџелес беше 117:116.
Но, со звукот на сирената Гиди погоди тројка од центарот за победа на Чикаго од 119:117. Гиди го направи тоа над Леброн кој доцнеше да се обиде да го блокира неговиот удар.
🚨JOSH GIDDEY HALF-COURT GAME WINNER🚨
— Hoop Central (@TheHoopCentral) March 28, 2025
WHAT AN ENDING.
pic.twitter.com/Nbmqjo4i7a
Дончиќ беше одличен со 25 поени, 10 скокови и 8 асистенции, но 12-те најлоши секунди во кариерата на Леброн го спречија да се радува. Најефикасен сепак беше Остин Ривс со 30 поени, 19 уфрли Џексон Хејс, а Леброн имаше 17 поени, 5 скокови и 12 асистенции.
Гиди го предводеше Чикаго со 25 поени, 14 скокови и 11 асистенции, Крис Вајт имаше скор од 26 поени и 9 асистенции, Кевин Хертер уфрли 21 поен, па следуваа Никола Вучевиќ со 14 поени и 8 скокови и Матас Бузелис со 12 поени и 7 скокови.
Резултати:
Кливленд Кавалирс - Сан Антонио Спарс 124:116
Орландо Меџик - Далас Маверикс 92:101
Вашингтон Визардс - Индијана Пејсерс 109:162
Мајами Хит - Атланта Хокс 122:112
Чикаго Булс - Лос Анџелес Лејкерс 119:117
Оклахома Сити Тандер - Мемфис Гризлис 125:104
Јута Џез - Хјустон Рокитс 110:121
Сакраменто Кингс - Портланд Треил Блејзерс 128:107
Табела: