Најмалиот пејсмејкер во светот за напојување користи телесни течностии и се распаѓа по употреба

Инженерите успеале да развијат напреден и ултра-минијатурен пејсмејкер, кој е дизајниран така што може да се инјектира со шприц, а откако ќе ја заврши својата работа, се распаѓа во телото без никакви штетни ефекти.

Ова е нов привремен пејсмејкер, кој е особено корисен за новороденчиња со вродени срцеви мани, бидејќи претставува помалку инвазивен метод во случаи кога се потребни традиционални пејсмејкери.

Уредот е помал од зрно ориз и може да се спои со мека, флексибилна и безжична опрема за носење дизајнирана да се закачи на градите на пациентот. Термостатски уред го следи чукањето на срцето на една личност, а кога ќе открие неправилно чукање на срцето, испушта светлосен пулс кој може да помине низ кожата и да го активира пејсмејкерот.

„Го развивме најмалиот пејсмејкер во светот. Нашата најголема мотивација беа децата. Околу 1% од децата се раѓаат со вродени срцеви мани, без разлика дали живеат во богата или сиромашна земја. Добрата вест е дека на овие деца само привремено им треба пејсмејкер по операцијата, а сега можеме да го ставиме овој мал пејсмејкер во детското срце да го стимулира со мек и благ уред што може да се носи. Дополнителна операција за негово вадење не е потребна“, изјави пионерот за биоелектроника, Џон А. Роџерс.

Најпредизвикувачкиот дел од намалувањето на пејсмејкерот е изворот на енергија. Тимот го редизајнираше антенскиот систем, кој се активира со комуникација во близок терен, и го претвори во систем кој се активира со светлина, што значително ја подобри ефикасноста на уредот додека драстично ја намали неговата големина.

За да го направи уредот уште помал, истражувачкиот тим мораше да размисли како да го напојува. Наместо да користи батерија, пејсмејкерот работи како мала галванска ќелија, која генерира електрични импулси користејќи две различни метални електроди и биофлуиди од телото. Хемиската реакција ја произведува потребната електрична енергија, која потоа го стимулира срцето.

„Кога ќе се вгради пејсмејкер во телото, околните биофлуиди делуваат како спроводливи електролити, кои електрично ги поврзуваат овие две метални перничиња за да формираат батерија. Многу мало копче кое се наоѓа на спротивната страна на батеријата се активира со светлина, која поминува низ телото преку фластер на кожата", објасни Роџерс.

Уредот користи инфрацрвена светлина, која продира подлабоко и побезбедно во телото. Кога уредот што може да се носи детектира опасно ниско отчукување на срцето, тој автоматски го активира ЛЕД-от да свети во нормална срцева фрекфенција, што го активира пејсмејкерот.

„Срцето бара мала количина електрична стимулација. Со минимизирање на големината, драматично го поедноставуваме процесот на имплантација, ја намалуваме траумата и ризикот за пациентот, а со растворливата природа на уредот, ја елиминираме секоја потреба од секундарни процедури за хируршка екстракција“, рече тој.

Поради малата големина на пејсмејкерот, лекарите можеа да имплантираат неколку уреди на различни локации околу срцето, а потоа да ги активираат одделно користејќи различни бои на светлина. Ова би можело да овозможи третман на други срцеви ритми, како што е аритмија.

Оваа напредна технологија овозможи и други апликации во биоелектронската медицина како што се забрзување на заздравувањето на нервите и коските, лекување на рани или блокирање на болката.

реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

Наука

Ќе ги чуваме податоците на стаклени плочки: Траат 5.000 години и можат да издржат печење во рерна

Read more

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more

Повеќето Европејци знаат за квантната технологија, но не знаат што е тоа

Read more

Германски научници оживеаја алги стари 7.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Лендер од времето на СССР падна на Земјата по 53 години во орбитата

Читај повеќе

Apple со еден потег сериозно го потресе Google

Читај повеќе

Huawei го претстави првиот лаптоп со својот оперативен систем

Читај повеќе

Приказна за легендарната фотографија што го симболизира падот на нацистичка Германија

Читај повеќе

Бил Гејтс ќе донира 99% од неговото богатство

Читај повеќе

Кина ќе ги одржи првите игри за хуманоидни роботи: Атлетика, фудбал и танцување

Читај повеќе

GTA 6 го сруши интернетот

Читај повеќе
  • filter

Советско вселенско летало ќе падне на Земјата 53 години по лансирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

Хуманоиден робот нападна вработен за време на тестирање

Читај повеќе