Најмалку 14 загинати во нападите на турските сили во Сирија

Дамаск, 14 октомври 2019 (МИА) – Најмалку 14 лица загинаа, меѓу кои и петмина цивили, во нападот на турските сили врз еден конвој во кој имало и странски новинари, во непосредна близина на градот Рас ал Аин, соопшти Сирискиот Центар за набљудување на човековите права.

Според оваа невладина организација со седиште во Лондон, во нападот биле ранети уште најмалку 10 лица.

Директорот на Центарот, Рами Абдулрахман изјави дека во нападот кај Рас ал Аин бил погоден конвој со луѓе кои се движеле кон градот Камишли за да им дадат поддршка на жителите на Рас ал Аин, кој веќе со денови е цел на турската офанзива врз позициите на Курдите, пренесуваат британските медиуми.

Според известувачот на телевизијата France 2, во моментот на нападот во конвојот имало и повеќемина странски новинари.

-Бевме во конвојот на курдските цивили кој беше гаѓан од турските сили и нивните сојузници во Рас ал Аин. Нашата екипа е добро, но некои колеги загинаа, напиша на Twitter известувачот на француската телевизија Стефани Перез.

Британските медиуми наведуваат дека засега не е познато кои новинари се погинати.

Објавена е и снимка од местото на нападот, на која се гледаат цивили измешани со припадници на Сириските демократски сили , кои ја уживаат поддршката на Курдите. На неа се гледаат и тела на земјата, запалени возила и згради.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе