Жена и дете спасени од под урнатините

Најмалку 38 загинати во земјотресот во Турција

Жена и дете се извлечени живи под урнатините на една зграда во провинцијата Елазиг, источна Турција, по земјотресот во кој загинаа најмалку 38 лица.

Во земјотресот, со јачина од 6,8 степени што го зафати источниот дел на Турција, 34 лица загинаа во Елазиг, а четири во соседната провинција Малатија. Повеќе од 1.600 лица се повредени, додека синоќа се спасени 45, меѓу кои 35-годишна жена и нејзиното девојче. Нејзиниот сопруг загинал.

На спасувачите, кои го слушнале нивниот плач, им биле потребни неколку часа за да стигнат до мајката и детето на температура од минус четири степени.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу изјави дека последните податоци покажуват дека досега од под урнатините се спасени 45 луѓе во подрачјето што во петокот го погоди разорниот земјотрес, јави Анадолија.

Во обраќањето на конференцијата за медиуми во Елазиг, на која присуствуваа и министерот за здравство Фахретин Коџа и министерот за околина и урбанизам Мурат Курум, Сојлу истакна дека по силниот земјотрес се забележани 678 помали потреси.

Нагласи дека државните институции ќе ги исплатат трошоците за кирија на сите жители што останале без домови по земјотресот.

– Веднаш ќе дадеме додаток за изнајмување на оние чии домови се уништени, рече Сојлу, напоменувајќи дека веќе од понеделник паричната помош ќе биде обезбедена директно на семејствата преку локалните управи.

Министерот Коџа истакна дека бројот на повредени, според најновите податоци, што се примени во болниците во регионот погоден од земјотресот, е намален на 104.

Курум изјави дека во Елазиг и во гратчето Сивирџе се урнати 31 зграда, додека 249 се сериозно оштетени, а 349 се со помала штета.

– На теренот работат преку 500 наши тимови. Многу бргу ги работиме проценките на штета во Елазиг и Малатја, додаде Курум.

Потпретседателот на Турција, Фуат Октај претходно истакна дека веднаш по земјотресот е спроведен интервентниот план за ваквите катастрофи и ги пофали сите припадници на спасувачките екипи кои напорно работат за спасување на загрозените граѓани.

Додаде дека институциите без какви било проблеми ја држат под контрола состојбата на терен, каде што и понатаму траат акциите за спасување, посебно фалејќи ги акциите и активностите на припадниците на Дирекцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (АФАД).

АФАД соопшти дека се повредени 1.547 лица, додека спасувачките екипи и понатаму трагаат по евентуални преживеани, како и по жртвите, под урнатините.

Од АФАД нагласија дека напорите на тимовите продолжуваат, а дека во акциите за пронаоѓање на жртвите учествуваат повеќе од 3.430 лица со стотици возила и 17 кучиња трагачи.

Епицентарот на потресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер регистриран е во местото Сивирџе, недалеку од градот Елазиг.

Земјотресот е почувствуван и во околните градови Адана, Хатај, Османије и во подрачјето на северните делови на Сирија и Ирак. 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе