И покрај тоа што е најлошо оценета игра во историјата на Metacritic, Diablo Immortal заработи скоро 24 милиони долари откако е лансиран пред две недели.
Според аналитичарите на AppMagic, тоа го прави Diablo Immortal кој е преземен над 8 милиони пати во две недели, една од најголемите мобили апликации на Blizzard Entertainment. Играта доживеа најголем успех во САД, со 26 проценти од сите преземања. Потоа следат Јужна Кореја (11 проценти), Бразил и Јапонија (по 8 проценти).
Но, иако ја чинат само 26 проценти од сите преземања, американските играчи чинат 43 проценти од вкупниот заработен приход. Јужна Кореја повторно е на второ место (23 проценти), а потоа следат Јапонија (8) и Германија (6 проценти). Според анализата, играта е подеднакво популарна меѓу корисниците на Apple и Android.
Diablo Immortal на Metacritic има корисничка оцена 0.3/10, а во еден момент беше 0.2 и затоа за кратко беше најлошо оценета игра во историјата на Metacritic. Играта предизвика доста контроверзии поради системот на микротрансакции кои ги олеснува напредувањата во играта.