Најсериозното предупредување на НАТО досега: Сѐ поизвесно е дека Русија ќе нападне

Се зголемува бројот на руски војници на украинската граница, а можен напад е сѐ поизвесен, изјави денеска генералниот секретар на НАТО по средбата со британскиот премиер Борис Џонсон во Брисел.

„Ова се опасни времиња за европската безбедност“, рече Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција. „Бројот на руски војници се зголемува. Можен напад станува сѐ поизвесен“, предупреди тој. „НАТО не е закана за Русија, но мора да бидеме подготвени на најлошото, додека веруваме во политичко решение“, нагласи тој.

„Русија има избор“

Столтенберг рече и дека Русија мора да избере помеѓу дипломатско решение на кризата од една страна или санкции и зголемено присуство на силите на НАТО на источното крило.

„Русија има избор: тие можат или да изберат дипломатско решение - а ние сме подготвени да седнеме - но ако изберат конфронтација, ќе платат висока цена“, рече Јенс Столтенберг. „Ќе има економски санкции. Ќе има зголемено воено присуство на НАТО во источниот дел на Алијансата и ОК е важен дел од тоа“, рече тој.

„Не верувам дека одлуката е веќе донесена, но тоа не значи дека е невозможно нешто катастрофално да се случи многу брзо.“

Џонсон рече дека украинската криза е најопасниот момент и дека е важно работите да се направат правилно во наредните денови.

„Искрено не верувам дека веќе е донесена одлука (во Москва). Но, тоа не значи дека е невозможно нешто навистина катастрофално да се случи многу брзо“, рече Џонсон.

„Ова е веројатно најопасниот момент“, рече тој, нарекувајќи ја ситуацијата „најголемата безбедносна криза во Европа“ во која е важно да се дејствува правилно, комбинирајќи санкции, воено решение и дипломатија.

Јенс Столтенберг, исто така, рече дека испратил писмо до рускиот министер за надворешни работи, нудејќи му разговори за поголема транспарентност околу воените вежби што Русија ги започна со Белорусија во четвртокот, како и разговори за контрола на нуклеарното оружје.

Зеленски: Руската армија во Белорусија е под психолошки притисок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди акумулацијата на руски војници на украинската граница како начин на „психолошки притисок“.

„Сметаме дека собирањето војници во близина на нашите граници претставува психолошки притисок од нашите соседи“, рече Зеленски во изјавата од неговиот кабинет.

„Нема ништо ново. Што се однесува до ризиците, тие постојат и никогаш не престанале од 2014 година“, годината на руската анексија на Крим и почетокот на конфликтот со сепаратистите поддржани од Москва во источна Украина, додаде тој.

„Прашањето е нивото на ризик и начинот на кој реагираме“, продолжи тој.

Москва: Вежбите ќе траат 10 дена

Москва претходно денеска соопшти дека руската и белоруската армија започнале заеднички воени вежби во Белорусија, кои треба да траат десет дена. Русија од ноември собра повеќе од 100.000 војници на границата со Украина.

Оваа недела, украинската армија спроведува свои маневри на целата територија, користејќи турски борбени беспилотни летала и противтенковски ракети кои и ги доставија Лондон и Вашингтон.

Шефот на руската дипломатија денеска ги оцени како контрапродуктивни заканите на Западот упатени до Русија, која е обвинета дека подготвува воена акција против Украина.

„Идеолошките пристапи, ултиматумите и заканите не водат кон ништо“, рече Сергеј Лавров на почетокот на средбата во Москва со британската колешка Лиз Трус. Тој изрази жалење што „многу наши западни колеги имаат страст за ваков тип на комуникација“.

Доколку Лондон сака да ги подобри односите со Москва, „секако дека ќе одговориме на ист начин, бидејќи не можеме да бидеме задоволни со меѓусебните односи кои се на најниско ниво“, рече Лавров.

Но, „односите можат да се нормализираат само преку дијалог со взаемно почитување и на еднаква основа (...) со цел да се најдат решенија кои би биле заемно прифатливи“, нагласи тој.

Трус рече дека дошла во Москва за да ја „покани Русија да помине низ дипломатијата“. „Војна во Украина би била катастрофа за рускиот и украинскиот народ и за европската безбедност“, нагласи таа.

„Постои алтернативен пат, дипломатски пат, кој избегнува конфликти и крвопролевање“, додаде Трус.

реклама

Регион

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе