Најскапата пица во светот чини повеќе од 8 илјади евра и се прави во Италија.
Имено, пицата се вика Луи XIII, а рецептот го измислил готвачот Ренато Виола. Може да ја нарачаат одбрани гости во крајбрежниот град Салерно, град во Јужна Италија во регионот Кампанија на бреговите на Тиренското Море.
Дијаметарот на пицата е 20 сантиметри, а е направена од специјални состојки. Тестото е направено од органско брашно од Арабика и посипано со розова сол од реката Мареј. За да се подготви оваа пица потребни се дури 72 часа.
Во пицата се додаваат три вида кавијар: Oscietra Royal Prestige, Kaspia Oscietra Royal Classic од иранскиот брег, Kaspia Beluga и седум видови сирење. Се разбира, има и дополнителни состојки.
„Најскапите состојки се јастозите кои се прекриени со коњакот Remy Martin Cognac Louis XIII, кој е инаку тешко да се најде на пазарот“, вели Виолта.
Со пицата Луј XIII се служи шампањот Krug Clos du Mesnil и ракијата Carta Real Sanchez Romate Fino.
За ова кулинарско уживање ќе треба да одвоите 8.300 евра.