Најскапиот руски автомобил се распродаде за само неколку дена

Целата годишна количина од производството на најскапиот руски автомобил во историјата се продаде за само неколку дена.

Станува збор за моделот Senat на новата автомобилска марка Aurus, чие производство започна годинава. На почетокот од месецов, првите примероци пристигнаа во авто салонот во Москва за да и бидат понудени на јавноста, а за само неколку дена Aurus соопшти дека се продадени сите 350 примероци кои ќе бидат произведени годинава и дека се принудени да ја отворат листата на нарачки за наредната година.

Сето ова не би било чудно доколку не говориме за автомобил кој чини 24 милиони руски рубљи, односно околу 289.000 евра. Изгледа дека Русите многу сакаат да возат претседателска лимузина, но и гордоста на новата руска автоиндустрија. Затоа, не е за чудење што ја бирале исклучиво топ изведбата.

Remote video URL

Лимузината е долга преку 5,6 метри, а естетски потсетува на Rolls-Royce. Автомобилот е блиндиран, има 4.4 литарски V8 мотор со моќност од 590 КС и 880 Nm, што е доволно 2,8 тони тешката лимузина да постигне максимална брзина од 250 км/ч и забрзување до стотка за околу 6 секунди.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе