Најстарото живо копнено животно во светот: Гинисовиот рекордер наполни 190 години

Желката Џонатан е родена пред кралицата Викторија да се качи на британскиот трон во 1837 година. Тој и ден денес си ги исполнува своите „обавези“ за размножување.

Се проценува дека Џонатан е роден во 1832 година, што значи дека оваа година наполнил 190 години (или ќе наполни), објавено е во Гинисовата книга на рекорди. Тоа значи дека Џонатан е роден пред кралицата Викторија да се качи на британскиот трон во далечната 1837 година.

Оваа џиновска желка од Сејшелите (Aldabrachelys gigantea hololissa) веќе беше носител на Гинисовиот рекорд како најстаро живо копнено животно, но сега официјално е најстарата желка или барем желка чија возраст е забележана. Џонатан ја победи претходната рекордерка Ту'и Малила, која живеела најмалку 188 години пред да умре во 1965 година.

Џонатан живее на Света Елена, остров во јужниот дел на Атлантскиот Океан. „Тој е локална икона, симбол на истрајноста во соочувањето со промените“, рече Џо Холинс, ветеринарот на Џонатан, говорејќи за Гинисовата книга на рекорди.

URL

Џонатан пристигнал на Света Елена во 1882 година кога имал околу 50 години, според Британскиот музеј во Лондон. Фотографија на Џонатан, датирана помеѓу 1882 и 1886 година, покажува дека тој е целосно возрасен, што сугерира дека имал најмалку 50 години кога е направена, така што денес може да има и повеќе од 190 години.

Џонатан е слеп и не може да мириса, но сепак пасе во дворот на резиденцијата на гувернерот на Света Елена, каде живее со своите колеги, џиновските желки Дејвид, Ема и Фред. За да се осигура дека добива доволно калории, еднаш неделно го хранат ветеринари. Омилена храна му се зелката, краставицата и морковот. Покрај храната, главните интереси на Џонатан вклучуваат спиење и парење.

„И покрај неговата возраст, Џонатан сè уште има добро либидо“, вели ветеринарот Холинс.

Научниците сè уште не ги разбираат сите процеси кои им овозможуваат на желките како Џонатан да живеат толку долго. Џиновските желки брзо ги убиваат оштетените клетки во процес наречен апоптоза, што им овозможува да се заштитат од оштетување на клетките што се случуваат како што старееме.

Долговечноста на Џонатан можеби е неспоредлива на копно, но во водата има животни кои живеат подолго. На пример, се проценува дека ајкулите од Гренланд (Somniosus microcephalus) имаат животен век од најмалку 272 години, а хидрата, група мали безрбетници слични на медузите, постојано ги регенерираат своите клетки и се чини дека воопшто не стареат.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Вести

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе