Најтоксичните совети за самопомош што не треба да ги слушате

Не е секој роден со завидно ниво на самодоверба. Некои треба да работат напорно на тоа.

Илустрација:  Greedy Hen/The Guardian

Има многу методи со кои луѓето се трудат да изградат самодоверба, како на пример практикување здрав начин на живот што вклучува вежбање и подобра исхрана. Сето ова го правиме за да стекнеме емоционална, социјална и ментална благосостојба.

Сепак, се чини дека некои совети што луѓето редовно ги споделуваат можат да имаат контраефект. Така, корисникот на Reddit под псевдоним u/redhead_in_red реши да провери кои совети за самопомош се покажале токсични.

The Independent издвои некои од одговорите:

„Секогаш верувај им на своите чувства“

Овој совет ќе го видите насекаде. Не, честопати нашите чувства бараат интроспекција за да можеме да работиме на нив и да направиме позитивни промени.

„Треба да очекувате безусловна поддршка, љубов и прифаќање од пријателите или романтичните партнери“

Популарна идеја, но ако луѓето навистина се грижат за вас, ќе ви кажат кога си штетите на себе или на другите.

„Не можете да имате проблем со менталното здравје затоа што сте во добра животна ситуација“

Во случај да треба да ве потсетиме, менталната болест не прави дискриминација. Проблемите со менталното здравје не влијаат само на угнетените групи. Ова е многу токсично размислување.

„Тестирајте ги пријателствата со негирање контакт за да видите дали луѓето ќе забележат. Тоа ви кажува да им раскинете на пријателите кои не ве контактираат редовно“

Ова е многу себична и пасивно-агресивна постапка. Ако ви недостасува некој пријател, јавете му се, не играјте игри. Можеби им се случува нешто ужасно во нивните животи, светот не се врти околу вас.

„Треба да бидете лојални на вашето семејство, без оглед на сè“

Ако се токсични или насилни, нема причина да ги чувате во вашиот живот. Особено ако тоа штети на вашата благосостојба / ментално здравје.

„Најдете работа што ја сакате и никогаш нема да работите ниту еден ден во животот“

Како прво, дури и работата што ја сакате често ќе биде ужас. Затоа ви плаќаат за да го правите тоа. Овој „совет“ само прави да се чувствувате неуспешни секогаш кога имате лош ден на работа.

„Сè се случува со причина“

Не, понекогаш треба да ги испитате причините за нечие однесување и да научите кога некој ве искористува или прихички ве малтретира.

„На другите им е полошо од тебе“

Можеби тоа е вистина, но овој факт нема да ги поништи вашите чувства. Имате право на вашите чувства и расположенија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Живот

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе