Најубавата плажа за 2025 година: Позната е по чистата вода и песокот со розови примеси

Платформата TripAdvisor неодамна ги прогласи најдобрите плажи во светот за оваа година, а плажата Елафониси се најде на прво место на листата.

Овој мал архипелаг лоциран во близина на југозападниот брег на Крит е посебен по своето кристално чисто море и уникатниот песок со примеси на розова боја. Овој феномен доаѓа од ситни остатоци од школки, кои овозможуваат нереален поглед на плажата Елафониси.

До плажата се стигнува на необичен начин, пеш низ плиткото море. Всушност, водата помеѓу Крит и Елафониси е толку плитка што повеќето посетители само ги навлажнуваат нозете додека уживаат на преминот до островот покриен со бел песок.

Иако песокот е препознатлив по розовите нијанси, тие варираат во зависност од временските услови и количината на школки. Затоа на туристите им се советува да не очекуваат претерано интензивни бои, туку да уживаат во променливата природна убавина.

Исто така, се препорачува да ја посетите плажата рано наутро за да избегнете гужви и да го обезбедите вашето место, или навечер кога зајдисонцето е особено спектакуларно.

Плажата Миртос на Кефалонија е исто така на листата на најубави плажи, рангирана на 10-тото место. Оваа плажа е позната по својот уникатен пејсаж, опкружен со планини и пространост што нуди мир и тишина дури и во екот на сезоната.

По плажата Елафониси, следните плажи кои се сметаат за најубави се плажата Банана во Тајланд, плажата Игл на Аруба, плажата Сиеста на Флорида, потоа Праја де Фалесија во Португалија, Варадеро во Куба, Баваро во Доминиканската Република, Плаја де Муро во Шпанија, Келингкинг во Индонезија и Миртос во Грција.

Тагови
реклама

Живот

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Read more

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Read more

Како Нордијците наоѓаат светлина во најтемните месеци и ја победуваат зимската меланхолија?

Read more

Кои хороскопски знаци ќе ја завршат 2025 година со голем успех?

Read more
 

Магазин

Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти

Читај повеќе

Портокалот и неговите придобивки

Читај повеќе

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Читај повеќе

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Читај повеќе

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата во љубовта до крајот на 2025-та

Читај повеќе

Ран знак на деменција што често се игнорира

Читај повеќе

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Читај повеќе

Ендокринолог препорачува што треба да јадете по 50-тата година

Читај повеќе

Посен подварок со суви сливи за Свети Никола

Читај повеќе