Намирници кои го намалуваат стресот на природен начин

Стресот влијае на секое поле во нашиот живот, тешко се избегнуваат стресни ситуации, особено во овој период. Но, кога сме под стрес, во организмот се случуваат различни реакции кои доведуваат до намалување на имунитетот и појава на автоимуни болести.

Постојат намирници кои можат да го намалат стресот и да ви помогнат да се чувствувате подобро.

Витамин Б

Витаминот Б влијае позитивно врз нервниот систем. Стресот предизвикува благ пораст на потребата за витамин Б. Недостатокот на витамин Б може да го зголеми ризикот за депресија и умор. Б витаминот може да се пронајде во грав, јајца и ореви.

Вегетаријанците треба да внесуваат витамин Б преку суплементи.

Витамин Ц

Покрај витамин Б, треба да јадете храна која содржи витамин Ц, како што се црвена и зелена пиперка, портокал, цитрон и киви. Овој вид на зеленчук и овошје делува антидепресивно и го подобрува расположението. Може да ви помогне и полесно да се справите со стресот. Истражувањата покажуваат дека помага и во намалување на анксиозноста меѓу средношколците.

Јаглехидрати

Исклучително важна улога има и серотонинот кој се добива од храната богата со јаглехидрати, а тоа се одразува и на расположението. Серотонинот е одговорен за чувството на среќа и добро расположение.

Сепак, не треба да претерувате со внесот на преработени јаглехидрати бидејќи може да дојде до пораст и пад на шеќерот во крвта што може да предизвика уште поголем стрес.

Ферментирана храна

Јогурт, кефир, кисела зелка и краставички содржат пробиотици кои го намалуваат стресот и нивото на кортизол. Ферментираната храна ги ублажува симптомите на социјална анксиозност. Помага и за контролирање на негативните мисли кои се поврзани со лошото расположение.

Магнезиум и чаеви

Важно е да внесувате магнезиум во организмот бидејќи стресот го намалува неговото ниво во организмот. Меѓу намирниците кои се богати со магнезиум се лиснат зеленчук, јаткасти плодови, семки, печурки и житарки.

Чаевите, исто така, го намалуваат стресот.

Читајте следно: Чаеви што можат да ви помогнат да се смирите и заспиете полесно

Помалку кафе

Потребно е да ја намалите и количината на кафе бидејќи кофеинот го зголемува нивото на кортизол и го зголемува стресот. Се препорачува да пиете само половина шолја кафе кога сте под стрес.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе