Намирници што го забрзуваат метаболизмот: Вклучете ги во исхраната

Ф.З.
/ 15.12.2024 / 11:58

Исхраната игра клучна улога во секој аспект на здравјето, вклучително и метаболичките процеси кои помагаат во губењето на тежината.

Одредени прехранбени производи може да го забават метаболизмот и да го отежнат постигнувањето на целите за слабеење. Сепак, добрата вест е дека одредена храна содржи соединенија кои можат да го забрзаат метаболизмот, да го регулираат апетитот и да помогнат во побрзо согорување на мастите.

Според нутриционистката Крутика Нанавати, со редовно вклучување на одредени видови храна во вашата исхрана можете да ги поддржите вашите цели за здравје и губење на тежината.

Боровинките се исклучително корисни за здравјето, а се издвојуваат поради високата содржина на антиоксиданси и нивната единствена способност да ја намалат апсорпцијата на мастите.

„Овој вид овошје содржи пектин, влакна кои се врзуваат за мастите во дигестивниот систем“, објаснува Нанавати за SheFinds.

Редовното консумирање боровинки може да ги намали штетните масти кои се складираат околу внатрешните органи. Освен боровинки, одличен избор за грицки се и јаткастите плодови и семките, а семките од тиква се издвојуваат по своите својства. Тие се богати со магнезиум, кој помага да се зголеми енергијата и да се намали отпорноста на инсулин, која е клучна во процесот на согорување на мастите.

„Тие содржат аргинин, аминокиселина која го подобрува протокот на крв и обновувањето на мускулите, што придонесува за послаба фигура“, тврди нутриционистката.

Авокадото е исто така суперхрана богата со мононезаситени масти кои ги активираат ензимите за согорување на мастите и го поддржуваат хормоналниот баланс.

„Помагаат во разградувањето на складираните масти преку поддршка на хормони како лептин кои го регулираат гладот ​​и метаболизмот“, вели Нанавати.

реклама

Фит

Диета со цвекло - се слабее 5 килограми за само една недела

Read more

Зошто ви е потребна пролетна фитнес „генералка“?

Read more

Колку стомачни треба да правите неделно за рамен стомак?

Read more

Колку чекори треба да правиме дневно за здрав живот?

Read more
 

Магазин

Паровите кои ја разбираат вистинската емоционална зрелост никогаш не избегнуваат 4 обврски

Читај повеќе

Едноставна стратегија со која вашите деца ќе јадат повеќе зеленчук и овошје

Читај повеќе

Како да се надмине пролетниот замор поради чувството на исцрпеност и губење на мотивацијата?

Читај повеќе

Неделен хороскоп за секој знак од 21 до 27 април

Читај повеќе
  • play_arrow

Три симптоми на рак на панкреасот што често се занемаруваат

Читај повеќе

Искористете ги велигденските јајца, додадете грашок и направете салата

Читај повеќе

Тајниот син на Владимир Путин прв пат виден во јавност

Читај повеќе

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Читај повеќе

Колку јајца може да изеде здрав човек во еден ден?

Читај повеќе