Напаѓачите на Македонскиот клуб во Благоевград вработени во локалното комунално претпријатие

Двајцата мажи приведени од страна на бугарската полиција поради каменувањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград во саботата вечерта, се вработени во општинското комунално претпријатие „Озеленување“, додека двете жени лишени од слобода заедно со нив се нивни сопруги, објави 24часа.бг.

Во изјава за порталот, градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов вели дека санкционирање на извршителите на делото е во надлежност на Судот, додека тој како работодавач може да преземе мерки кон двајцата вработени во комуналното претпријатие само согласно Кодексот за работни односи.

- Доколку се докаже вината на општинските службеници, ќе го применам принципот на реципроцитет на казните. Тоа значи дека ќе ги казнам оние кои се вработени во Општина Благоевград, со истата казна сo која што ќе бидат казнети цариниците, граничната полиција и другите функционери во Република Северна Македонија, што предизвика ментално и физичко насилство врз многу Бугари, изјави Стојанов.

Тој нагласи дека веднаш ќе ги отпушти од работа двајцата вработени во комуналното претпријатие, во „моментот кога ќе бидат отпуштени вработените во Северна Македонија кои малтретираа бугарски граѓани“.

Како што јавија бугарските медиуми, полицијата во Благоевград вчера приведе четири лица, двајца мажи и две жени, во врска со вандалскиот чин врз Македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.

Според медиумите, приведените, кои се на возраст од околу 40 години и кои немаат претходно криминално досие, го признале делото за кое се товарат.

Стаклото на излогот на Македонскиот културен клуб во Благоевград беше искршено со камења вечерта на 4 февруари.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе