СЕРИЈА А 2020/21

Наполи не отпатува кај Јувентус, трета победа за Милан и Аталанта

Дали на повидок е нов хаос во Серија А? Поради двајца позитивни Наполи не се појави синоќа во Торино, Јувентус бара службена победа. Затоа пак Милан и Аталанта победија, додека дербито во Рим заврши без победник.

Немаше синоќа дерби на дождливото време во Торино. Играчи на Јувентус беа на стадионот, но гостите од Неапол уште претходно најавија дека нема да ни да отпатуваат. Протоколот на Лега Калчо за позитивни фудбалери во Серија А вели дека само при голема бројка тимот може да побара одлужување на натпревар, како во случајот со Џеноа, но Наполи се реши да го игнорира тоа. „Партенопеите“ имаат двајца позитивни играчи и тоа Пјотр Желињски и нашиот Елиф Елмас.

На тешки маки е сега Лега Калчо бидејќи следејќи го протоколот треба да додели службена победа за Јувентус што секако ќе го разлути Наполи, а ќе ги расипе односите и со останатите клубови кои таквата одлука ќе ја гледаат како уште едно фаворизирање на „Старата дама“.

Милан оствари победа од 3:0 над новакот Специја со три гола во вториот дел. Два гола на Португалецот Рафаел Леау и еден на Тео Ернандес им донесоа на „Росонерите“ трета победа и перфектен старт на сезоната.

Перфектна остана и Аталанта која во голеада со 5:2 го совлада Кањари. Сите голови за домаќините ги постигнаа различни играчи и тоа Луис Муриел, Папу Гомес, Марко Пашалиќ, Дуван Сапата и Сам Ламерс, додека за гостите погодија Диего Годин и Жуау Педру.

Дербито во Рим помеѓу Лацио и Интер заврши со реми 1:1 и во голови и во црвени картони. Гостите од Милано поведоа по 30 минути игра преку Лаутаро Мартинес, а Сергеј Милинковиќ-Савиќ се погрижи за израмнување 10 минути после паузата. Во 70. минута Чиро Имобиле реагираше неспортски со шамар замавнувајќи кон Артуро Видал па главниот судија Марко Гуида му покажа директен црвен картон, на 3 минути пред крајот Стефано Сенси го турна Патрик по што и тој доби исклучување.

Следува репрезентативна пауза, а Серија А ќе продолжи со 4. коло на 17 и 18 октомври.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе