УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/2023

Направена полуфиналната жрепка за Лигата на нации - две интересни двојки

Филип Здравески
/ 25.01.2023 / 13:58

УЕФА денеска ја направи жрепката за завршниот фајнл-фор турнир во Лигата на нации 2022/2023, а очекувано фортуната донесе две интересни пресметки.

Без разлика кој со кого и да се паднеше, дуелите ќе ветуваа неизвесност и вистиснка фудбалска пресметка. Сепак, жрепката во Нион одлучи домаќинот на турнирот, Холандија, да се пресмета со бронзената од последниот Мундијал, Хрватска, додека во второто полуфинале ќе се игра вистинско дерби помеѓу Шпанија и Италија.

Полуфиналните натпревари ќе се играат во среда и четврток на 14 односно 15 јуни годинава, двата со почеток во 20:45 часот. Холандија и Хрватска ќе играат на стадионот „Де Кујп“ во Ротердам, додека Шпанија и Италија на „Де Хролс Весте“ во Енсхеде.

Натпреварите за медалите ќе следуваат в недела на 18 јуни. Прво од 15 часот во Енсхеде ќе се сретнат двете поразени репрезентации од полуфиналните натпреаври, а потоа од 20:45 во Ротердам ќе биде големото финале кое ќе го даде третиот победник во Лигата на нации.

За потсетување, првото издание на фајнл-фор на Лигата на нации го освои Португалија во 2019 година, кога беше и домаќин на завршниот турнир, додека во 2021 победник беше Франција, а домаќин Италија. Со оглед на тоа што ниту Португалија ниту Франција не обезбедија пласман на овогодишниот фајнл-фор, ова прилично ново натпреварување на УЕФА ќе добие нов победник.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе