Фалафелот не е тежок за правење, а сѐ што ви треба се леблебии и разновидни зачини.

Фалафел се ќофтиња кои се јадат на Блискиот Исток и се прават од наут. Овие топчиња спаѓаат во улична храна, а лесно се прават. За подготовка на фалафел не ви се потребни скапи состојки, а одлично е што може да се јадат и за време на пост. Научете како да направите домашен фалафел, а можете да го послужите со сезонска салата или некој сос.
- 2 чаши леблебии
- ½ лажичка сода бикарбона
- 1 китка магдонос
- свеж коријандер
- 1 китка копар
- 1 кромид
- 7-8 чешниња лук
- 1 лажица пиперка
- 1 лажица мелен ким
- 1 лажица мелен коријандер
- 1 лажичка црвена пипер
- 1 лажичка прашок за печиво
- 2 лажици сусам
- масло
Леблебиите ставете ги во тавче и покријте ги со вода. Додадете сода бикарбона и измешајте. Оставете ги потопени најмалку 18 часа. Потоа процедете и исушете ги со крпа.
Во блендер ставете ги леблебиите заедено со лук и кромид, како и свеж магдонос, коријандер и копар. Сè убаво изблендирајте. Добиената смеса ставете ја во сад, па посолете, додадете бибер, ким, коријандер, црвена пипер и сè убаво измешајте. Покријте со проѕирна фолија и ставете во фрижидер најмалку еден час, по можност преку ноќ.
Пропржете сусам и додадете го во смесата, заедно со прашокот за печиво. Сè убаво измешајте и формирајте мали топчиња како ќофтиња, па пржете ги во тава во која сте загреале маслото.