Направете сами средство за чистење кое ја одбива прашината

Избегнувајте постојана употреба на хемикалии во вашиот дом така што ќе направите домашно средство за чистење прашина со природни состојки. Ќе ви требаат само три такви кои сигурно ги имате во вашата кујна.

Сите сакаме кога сè во куќата ни свети од чистота, но кој има време за секојдневно бришење прашина?

Направете сами средство за чистење со само три состојки. Измешајте ги, истурете ги во шише и протресете. Најдоброто нешто во врска со тоа е што таквиот производ не само што помага да се отстрани прашината, туку обезбедува и заштитен слој на површината, што значи дека прашината ќе се рефлектира од површината. За ова средство ќе ви треба оцет, кокосово или маслиново масло и есенцијално масло од лимонова трева.

Оцетот е фантастичен природен чистач кој дезинфицира, дезодорира и лесно ги отстранува сите видови нечистотии.

Кокосовото или маслиновото масло создава заштитен слој на површината и на тој начин се грижи за материјалот и истовремено ја одбива прашината.

Есенцијалното масло од лимонова трева има антибактериско дејство, ги отфрла инсектите и дава пријатен мирис. Ако сакате, можете да го замените маслото од лимонова трева со масло од чајно дрво, масло од лаванда или масло од цимет, кои се исто така одлични нетоксични средства за чистење со антибактериски и антивирусни својства.

Состојки и процес:

  • ¼ чаша оцет
  • 1 лажица маслиново масло
  • 20 капки есенцијално масло

Измешајте ги сите состојки и истурете во чисто шише со распрскувач. Добро протресете го шишето пред употреба. Испрскајте ја течноста на површината и истријте со мека крпа.

реклама

Живот

Тајниот син на Владимир Путин прв пат виден во јавност

Read more

Ист Гејт Мол лансира мобилна апликација за лојалните посетители

Read more

Трик кој помага кучињата без потешкотии да проголтаат апче

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more
 

Магазин

Искористете ги велигденските јајца, додадете грашок и направете салата

Читај повеќе

Тајниот син на Владимир Путин прв пат виден во јавност

Читај повеќе

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Читај повеќе

Колку јајца може да изеде здрав човек во еден ден?

Читај повеќе

Ист Гејт Мол лансира мобилна апликација за лојалните посетители

Читај повеќе

Не ги игнорирајте: 8 знаци дека треба да посетите гастроентеролог

Читај повеќе

Трик кој помага кучињата без потешкотии да проголтаат апче

Читај повеќе

Кои се најчестите карактеристики на емоционално незрелите партнери?

Читај повеќе

Сигнали од телото што може да значат дека недостасува витамин Д

Читај повеќе