Стил

Направи сам: Ботокс маска за освежување на лицето

16. јануари 2020 - 16:45 | Б.С.Б.

Трагите од умор и брчките се намалуваат со употреба на маски. Оваа „ботокс“ маска лесно и брзо може да ја направите во домашни услови.

Освен што е економична дава ефект на ботокс, а е сосема природна и ја затегнува кожата.

Потребни состојки: лажица густин, пет лажици свежо исцеден сок од морков. Исцедете го сокот во соковник или блендер, па исцедете низ цедалка. Потребна е и лажица кисело млеко и вода. Во половина чаша вода растворете го густинот, па прелијте со 100 мл врела вода.

Потоа ставете ја смесата на рингла и гответе на тивок оган додека не се згусне, а потоа оставете ја смесата малку да се разлади. Откако ќе се олади додадете ги сокот од морков и киселото млеко. Измешајте добро и маската е подготвена за употреба.

Исчистете го лицето, нанесете маска и оставете да потстои половина час, па измијте со млака вода. Потоа на лицето нанесете хранлива крема, а останатата количина ставете ја во фрижидер.

За да биде ефектот посилен, нанесете ја маската три вечери по ред.

Коментирај