Наместо џем од сливи или кајсии, може да го направите овој природен од лубеница идеален за појадок со палачинки.
Потребна ви е лубеница од 3 килограми.
Начин на подготовка:
Исечете ја лубеницата, па добро изблендирајте ја. Исцедете го сокот, ставете да се вари околу 2 часа на средна температура. Повремено мешајте.
Последните половина час немојте да мешате. Сварениот џем сипете го во стерилизирани тегли.