Напуштена убавина: Палатата Жевуски во Полска
Палатата Жевуски во Полска била градена од 1921 до 1922 година. Монументалната градба била дело на славниот варшавски архитект Јулиуж Нагорски.
Семејството Жевуски живееле во Варшава и ова била нивната летна резиденција. Во 1945 година во палатата било сместено земјоделско училиште, а по 1969 тука биле преместени канцелариите и живеалиштата на вработените во училиштето. Во 1985 година избувнал пожар во кој бил уништен голем дел од оваа монументална и убава градба.
Биле направени неколку обиди за нејзино спасување, но сите напори за реставрација биле прекинати.
Фотографот Лукаж Ленкиевич бил фасциниран од напуштената палата и ја фотографирал многупати во изминативе три години. Најголем впечаток му оставило напуштеното скршено пијано среде големата балска сала.