Netflix соопшти дека крими-серијата „Narcos“ ќе добие уште една сезона.
Стриминг платформата нарача трета сезона од нарко-драмата „Narcos: Mexico“, но серијата ќе се врати без Диего Луна кој го играше лидерот на нарко-картел Феликс Гаљардо.
Втората сезона заврши со пресудата за затворска казна за Гаљардо по обвиение за шверц на дрога и имаше многу шпекулации дали Луна ќе се врати да ја репризира улогата.
Последниот дел од нарко-приказната е сместен во 90-тите години и ја опфаќа војната што избувна по распадот на империјата на Феликс.
„Додека новите независни картели се борат да го преживеат политичкиот пресврт и ескалираното насилство, се појавува нова генерација мексикански кралеви. Но, во оваа војна, вистината е првата жртва - и секое апсење и убиство само ја турка вистинската победа сè повеќе и повеќе...", стои во соопштението.
Иако Netflix не најави точен датум за премиера, се потврдува дека продуцентот Ерик Њуман ќе му ја предаде штафетата на Карл Бернард.