Вести

НАСА бара нови астронаути за Месечината и за Марс

14. февруари 2020 - 17:17 | Б.С.Б.

Американската вселенска агенција НАСА вработува нови астронаути за мисии на Месечината и на Марс.

Многумина сонуваат еден ден да отидат во вселената, но малкумина успеале да го остварат тој сон. Луѓето скоро половина век немаат стапнато на Месечината, но тоа наскоро би можело да се промени. НАСА планира мисија на Месечината со првата жена астронаут, заедно со други астронаути. Оваа мисија треба да се оствари до 2024 година.

Поради тоа НАСА бара кандидати за идните мисии. Пријавувањето трае од 2 до 31 март, а за аплицирање потребно е да се исполнат неколку услови.

Првиот е државјанството.

Од 60-тите години до денес НАСА има избрано повеќе од 350 луѓе за обука, во моментално има 48 најдобри астронаути. Прв услов што треба да го исполните при аплицирање е да сте американски државјанин. Може да се пријават и кандидати со двојно државјанство.

Овој услов воопшто не го премисли британскиот астронаут Пирс Селер да ја напушти Велика Британија и да стане американски државјанин со цел да го исполни сонот за астронаут.

Човекот успеа во тоа, па во вселената имаше три мисии.

Коментирај