НАСА ја најави најспектакуларната крвава супермесечина за 2021

Првото целосно затемнување на Месечината во последните две години ќе се случи денеска: тоа ќе биде крвава супермесечина што ќе може да се види од делови на Азија, Австралија, САД и Јужна Америка, објави НАСА.

Благодарение на затемнувањето, сите заинтересирани ќе можат да ја видат таканаречената крвава супермесечина, објави НАСА, додавајќи дека тоа најјасно ќе го видат во жителите на Хаваите, Алјаска и западните амеркански држави.

Крвавата супермесечина обично се појавува при целосно затемнување на Месечината, во моментот кога Земјата ќе се најде директно помеѓу Месечината и Сонцето, криејќи ја Месечината од сончевата светлина, и го доби името „крвава“ поради црвениот сјај.

„Кога тоа ќе се случи, единствената светлина што во тој момент достигнува на површината на Месечината поминува низ рабовите на Земјината атмосфера. Молекулите на воздухот од атмосферата на Земјата расфрлаат најголем дел од сината светлина, а преостанатата светлина се рефлектира на површината на Месечината со црвен сјај“, објаснија научниците од НАСА.

URL

Последица на ваквите настани е „светлосен прстен“ околу Месечината, но астрономите сè уште не можат да предвидат до кој степен ќе биде црвено бидејќи може да биде под влијание на прашина во атмосферата, соопшти НАСА.

Мајската супермесечина е една од трите оваа година и ќе биде најголема меѓу нив. Супермесечина се јавува кога Месечината изгледа поголема од вообичаено затоа што е најблиску до Земјата.

Самото затемнување ќе трае околу 14 минути, а целиот настан околу пет часа, а ќе можат да го видат навечер во Азија и во раните утрински часови во САД.

URL
Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Наука

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Read more

Ретко суштество за кое малку се знае снимено на дното на морето

Read more

Свински бубрег првпат трансплантиран на човек, лекарите воодушевени

Read more

Првиот пациент со вграден Neuralink онлајн играше шах користејќи само мисли

Read more
 

Гик

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе
  • filter

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Читај повеќе

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Читај повеќе