НАСА објави снимки од спојувањето на две галаксии

НАСА објави неколку снимки направени од вселенскиот телескоп James Webb на кои се гледа спојување на две галаксии.

Процесот на спојување е опишан како еден вид космички балет, а снимката е објавена по повод втората годишнина од претставувањето на првите научни резултати од работата на орбиталната опсерваторија.

Двете галаксии на сликите се наоѓаат на 326 милиони светлосни години од Земјата, во соѕвездието Хидра. Светлосна година е растојанието што светлината го поминува за една година, или 9,5 илјади милијарди километри.

Remote video URL

„Гледаме две галаксии, секоја кластер од милијарди ѕвезди. Галаксиите се во процес на спојување. Ова е нормален начин на кој галаксиите како нашата еволуираат со текот на времето, за да растат од мали галаксии - како оние што Webb ги најде непосредно по Големата експлозија - во зрели галаксии како нашиот Млечен Пат“, рече научник од мисијата James Webb.

Webb, кој започна со работа во 2021 година и почна да собира податоци следната година, го промени разбирањето на раниот универзум со неверојатни слики од космосот.

Откако стана оперативен, Webb набљудуваше галаксии исполнети со ѕвезди кои се формираа во рок од неколку стотици милиони години од Големата експлозија, која го означи почетокот на универзумот пред околу 13,8 милијарди години.

Remote video URL

Спојувањето на галаксиите Пингвин и Јајце се колективно познати како Arp 142. Тие се прикажани на сликите како споена маглина која е мешавина од ѕвезди и гас.

Нивната интеракција, според НАСА, била иницирана пред околу 25 до 75 милиони години и се очекува да стане единствена галаксија во следните неколку стотици милиони години.

реклама

И член на ДНК осомничен за пожарот поради употребата на пиротехника

Read more

Германија заплени танкер со руска нафта во вредност од 40 милиони долари

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Драма во унгарскиот парламент по усвојувањето на законот за забрана на Парадата на гордоста

Read more

Наука

Темната енергија во универзумот слабее: Што значи тоа?

Read more

Австралиец преживеа 100 дена со вештачко срце од титаниум

Read more

Дали древните гробишта Флегстоунс биле прототип за Стоунхенџ?

Read more

Во Тајланд пронајден скелет на дете стар 29.000 години

Read more
 

Гик

Норвежанец поднесе жалба против OpenAI откако ChatGPT му кажал дека си ги убил двете деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботот Atlas научи нови потези и сака да ги покаже

Читај повеќе

Microsoft има нова гејмпад тастатура за Windows 11

Читај повеќе

Над 300 апликации исфрлени од Google Play Store

Читај повеќе

Темната енергија во универзумот слабее: Што значи тоа?

Читај повеќе
  • filter

Google го претстави паметниот телефон Pixel 9a

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Ретко видено зајдисонце: Blue Ghost испрати неверојатни снимки од Месечината

Читај повеќе
  • play_arrow

Nvidia го направи најмалиот суперкомпјутер во светот

Читај повеќе

Почна производството на приватната вселенска станица Starlab, лансирање во 2028 година

Читај повеќе