НАСА откри метален објект на Марс

МИА / КАЈГАНА
/ 08.02.2023 / 17:07

Роверот Curiosity на НАСА, што се наоѓа на Марс, откри необично парче метеорит, кој главно се состои од никел и железо. Името што го доби е: Cacao (какао).

Curiosity сега ја истражува планината Шарп во кратерот Гејл. Метеоритот не е особено голем - има дијаметар од околу 30 сантиметри е еден од откриените неколку метеорити во тоа подрачје... Но, само уште еден е „метален“ - т.н. Egg Rock (камено јајце) бил откриен 2016 година, со големина на топче за голф.

Никелни и железни метеорити се меѓу најретките видови и сочинуваат околу 6% од познатите метеорити. Cacao и визуелно се издвојува од својата околина. Имено, површината на Марс е црвена поради оксидите, а метеоритот е темно-сив и изгледа како метал. Освен тоа, тој е прилично мазен и заоблен во одредени делови, што укажува дека минал низ атмосферата на планетата пред да се забие во нејзината површина.

Иако атмосферата на Марс е многу потенка од онаа на Земјата, таа сепак создава доволно триење за да ја загрее површината на метеоритот. Вдлабнатините на Cacao најверојатно биле создадени од загревањето што делумно го стопило металот додека паѓал низ атмосферата. 

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Вести

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Read more

Неочекувано светлосно шоу на небото над Калифорнија

Read more

Повеќе од 1.000 артефакти во музејот Метрополитен поврзани со шверцери и крадци

Read more

Со години беше мит и легенда: Мачколисицата потврдена за посебен вид

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Relativity Space лансираше 3D печатена ракета, но не стигна во орбитата

Читај повеќе

Што да направите ако го изгубите или ви го украдат телефонот?

Читај повеќе

Колку би можело да чини iPhone 15?

Читај повеќе

Instagram смета дека нема доволно реклами, ќе ги праќа во нотификации

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекувано светлосно шоу на небото над Калифорнија

Читај повеќе

Повеќе од 1.000 артефакти во музејот Метрополитен поврзани со шверцери и крадци

Читај повеќе

Со години беше мит и легенда: Мачколисицата потврдена за посебен вид

Читај повеќе

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Читај повеќе

Дали животот на Земјата има вонземско потекло?

Читај повеќе