НАСА по грешка објави видео од Меѓународната вселенска станица и предизвика многу шпекулации

НАСА по грешка емитуваше симулација на астронаут кој се лекува од болест на декомпресија на Меѓународната вселенска станица (МВС), што предизвика шпекулации на социјалните мрежи за можна вонредна состојба.

YouTube каналот на НАСА во живо емитуваше аудио снимка која покажува дека член на екипажот боледува од последици од болест на декомпресија, објави оваа организација на својата официјална сметка на Х.

Во видеото, женски глас бара од екипажот „да го врати командантот во одело“, да му го провери пулсот и да му даде кислород, а подоцна вели дека прогнозата за неговото здравје е „лоша“. НАСА не ги потврди снимките ниту пак го реобјави аудиото.

Неколку вселенски ентузијасти објавија линк до аудио снимка на мрежата Х предупредувајќи дека има сериозна вонредна состојба на МВС.

„Ова аудио е ненамерно и погрешно пренасочено од тековната симулација во која членовите на екипажот и копнените тимови се обучени за различни сценарија во вселената и не е поврзана со вистински итен случај“, се вели во соопштението на контролата на мисијата МВС.

Во соопштението се нагласува дека „нема вонредна ситуација“ на станицата.

Болеста на декомпресија е предизвикана од меурчиња од азот или други гасови во крвотокот поради промена на атмосферскиот притисок. Ова може да влијае на централниот нервен систем и е потенцијално фатално.

Моменталното на МВС се наоѓаат американските астронаути Мајкл Барат, Метју Доминик, Трејси Калдвел-Дајсон и Џанет Ипс, и руските космонаути Николај Чуб, Александр Гребенкин и Олег Кононенко. Последниот е апсолутен светски рекордер по времето поминато на МВС.

Тагови
реклама

Таравари именува нови директори на неколку здравствени установи

Read more

Летување во Југославија: Сиромашни, ама среќни

Read more

Како по природен пат да го намалите лошиот холестерол?

Read more

Тајсон: Зависник сум, повеќе би сакал да живеам краток живот во слава, отколку долг живот во „мрак“

Read more

Вести

Се огласи Microsoft: Како да се поправи дефектот што го зафати целиот свет?

Read more

Колапс на системот ширум светот: Погодени банки, медиуми и компании, приземјени авиони

Read more

Единствен освен Земјата има море, езера и дожд: Сателитот на Сатурн и натаму интригира

Read more

Кој го изградил Мачу Пикчу? Откривање на нејасната историја на градот на Инките

Read more
 

Гик

Дали Помпеја била погодена од земјотрес во исто време со вулканската ерупција?

Читај повеќе

Се огласи Microsoft: Како да се поправи дефектот што го зафати целиот свет?

Читај повеќе

Google со тизер го најави смартфонот Pixel 9 Pro Fold

Читај повеќе

Колапс на системот ширум светот: Погодени банки, медиуми и компании, приземјени авиони

Читај повеќе
  • filter

Древна палата во која некогаш живееле папи ископана во центарот на Рим

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Паралелни универзуми - 5 докази за нивното постоење

Читај повеќе

Nintendo конечно ги израдува фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Што значат кратенките како QR, GPS, PDF, URL?

Читај повеќе

Дали новиот Android 15 ги претвора смартфоните во десктоп компјутери?

Читај повеќе