Наука

НАСА затвори две фабрики, ништо од патувањето на Месечината во 2024

20. март 2020 - 15:19 | Б.С.Б.

Американската вселенска агенција затвори две многу важни фабрики поради страв од коронавирусот. Станува збор за фабрики во Мисисипи.

„Со оглед на тоа што еден од вработените во Вселенскиот центар Стенис е позитивен на коронавирусот и бројот на заразени расте, се одлучивме на овој потег. Иако нема заразени во другата фабрика и тој погон веднаш престанува со работа на терен. Свесни сме дека тоа ќе влијае на идните мисии, но здравјето е на првото место“, соопштија од НАСА.

А, тоа значи дека нема ништо од враќањето на Месечината во 2024 година, како што е планирано.

Коментирај