Насилните протести во Минеаполис низ фотографии
Трета ноќ по ред во Минеаполис се случуваат насилни протести поради смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец кој почина набргу по апсење.
Повод за протестите е смртта на Флојд, кој беше снимен за време на апсењето како се гуши додека полицаец со колена му го притиска вратот 8 минути. Снимката од апсењето е направена од сведок на настанот, а од неа се слуша како Флојд го моли полицаецот да го попушти притисокот и му вели дека не може да дише.
Налутени учесници за време на вчерашниот протест ги ограбуваа продавниците, ги пустошеа и ги демолираа. Градоначалникот Џејкоб Фреј побара од гувернерот на сојузната држава Минесота да испрати воени трупи. Претседателот Доналд Трамп го обвини Фреј за „тотален недостиг на лидерство“.