Наскоро: GoGlobal - Виртуелни сесии за маркетинг стратегии наменети за перформанс огласувачи

GoGlobal, еднодневен виртуелен настан составен од динамични сесии за маркетинг стратегии, ќе се случи за првпат на 29 септември 2021 година, со почеток од 13.00 часот по Средноевропско време.

Под организација на Aleph Holding, овој настан ќе ги собере светски познатите маркетинг лидери и говорници кои се партнери на Aleph, вклучувајќи ги Facebook, Snapchat and TikTok, како и огласувачи кои успешно ги искористиле придобивките од овие платформи за да ги подобрат своите резултати. Приклучете се на сесиите и слушнете ги индивидуални лекции и совети на говорниците, кои се наменети да им помогнат на регионалните брендови да го забрзаат својот глобален раст преку огласување на социјалните медиуми.

Ерикас Плоткинас (Erikas Plotkinas) - маркетинг директор на Kilo Health”; Андреј Кугониќ (Andrej Kugonić) - одговорен за маркетинг и раст во Nordeus”; Катарзина Паливода (Katarzyna Paliwoda) - директор за нови пазари во Facebook CEE”; Артурс Лукасевиц (Arturs Lukasevics) - раководител за раст за Центрлна Европа на “TikTok”, Имран Кан (Imran Khan) - извршен директор и ко-основач на Verishop”; Дени Рајт (Danny Wright) - главен директор за брендови на Adweekи Марис Наглис (Maris Naglis) - потпретседател за успех на клиентите во Httpool се само дел од лидерите во индустријата и перформанс маркетинг експерти, кои ќе ги споделат своите ексклузивни согледувања и знаења за време на настанот GoGlobal.

Во само еден ден исполнет со одлични сесии, присутните ќе дознаат како да:

      Го забрзаат растот на својот бренд преку сеопфатна стратегија за перформанс огласување

      Ги постават основните елементи за успех и да почнат да ја следат животната вредност за клиентите

      Да ја искористат моќта на брендирањето за да го засилат растот

      И многу повеќе!

 

Настанот може да го следите бесплатно, а веќе е започнат процесот на регистрација за сите заинтересирани, без оглед на нивната локација: https://goglobal.events/

"GoGlobal е првиот од низа настани организирани од „Aleph“ чија цел е да се сподели знаење и да им се помогне на компаниите максимално да го искористат глобалниот потенцијал што дигитализацијата и социјалните медиуми го нудат. Настанот ќе овозможи перформанс огласувачите да дознаат нешто повеќе од најуспешните во нивниот сектор како и од најуспешните брендови на пазарот, но и да се запознаат со најновите трендови за искористување на потенцијалот што го нудат 4 милијарди луѓе кои секојдневно се активни на дигиталните платформи.“ Марис Наглис, потпретседател за успех на клиентите во Httpool, компанија на „Aleph Holding.

 

Aleph е најголемиот глобален партнер за дигитални медиуми во светот кој работи на 85 пазари и кој има доверена задача да ги поврзе најголемите играчи во дигиталните медиуми со огласувачите кои се потпираат на нив. Дел од ексклузивните партнери во различни земји се Twitter, Spotify, Snapchat, LinkedIn, TikTok, Facebook, Twitch, Tripadvisor, and EA, меѓу другите. Httpool е компанија на Aleph Holding, која е претставник на водечките платформи за дигитални медиуми во повеќе од 60 пазари во Европа и Азија.

 

Уникатната комбинација на пристап до најголемите дигитални играчи, сопствена технологија и експертско практично знаење им овозможува на Httpool и IMS (Internet Media Services) да ги поддржат бизнисите и брендовите во искористување на максималниот потенцијал во нивните напори за рекламирање и подобрување на деловниот успех.

 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Бизнис

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more
 

Вести

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе