Настапот на Селин Дион во Ријад го „запали“ интернетот

Селин Дион беше една од ѕвездите кои синоќа настапија на ревијата во Ријад на која се славеше 45 години работа на познатиот либански моден дизајнер Ели Сааб, а снимките од настапот на легендарната пејачка ги освоија социјалните мрежи.

По настапот на отворањето на Олимпијадата во Париз, кој го одбележа враќањето на Дион во музиката по долгогодишна пауза поради битката со синдромот на вкочанета личност, синоќешниот настап беше еден од ретките што таа ги има дадено оттогаш.

Пејачката на црвениот тепих пристигна во цветен фустан кој беше токму креација на Сааб, а за настапот се појави во долг фустан со светки во боја на кожа.

Таа последна излезе на пистата, по Џенифер Лопес, Камила Кабељо, Ненси Ајрам и Амра Диаб, а всушност нејзиниот настап беше круна на целото шоу, трансформирајќи ја енергијата како што само таа може.

Дион отпеа две песни за да го затвори шоуто. Таа првпат ја изведе „The Power of Love“, песна на Џенифер Раш од 1984 година, која стана хит откако таа ја обработи во 1993 година.

Таа потоа отпеа арапски ремикс на хитот од 2002 година „I'm Alive“, вториот сингл од нејзиниот албум „A New Day Has Come“, кој доби ново значење за обожавателите по нејзината борба со болеста.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Vogue Arabia (@voguearabia)

Снимките од овој настап ги преплавија социјалните мрежи, а многумина беа воодушевени од нејзината енергија и настап, со оглед на тоа дека таа сè уште се бори со болеста.

Тагови
реклама

Музика

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Read more

Нела Манческа со песната Miracle ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025

Read more

5 ноември 1994, почина фронтменот на ЕКВ Милан Младеновиќ

Read more

Убиецот на Џон Ленон по 45 години: Го убив за да бидам познат, само скријте ме некаде под тепих

Read more
 

Сцена

Гари Олдман тврди дека улогите во овие филмови му ја спасиле кариерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто (не) треба да го гледате Frankenstein на Гиљермо дел Торо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Објавен официјален трејлер за биографскиот филм за Мајкл Џексон

Читај повеќе

Stranger Things пишува историја: Финалето на серијата ќе се прикажува во кината ширум светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Роуан Аткинсон се враќа: Netflix објави трејлер за серијата Man Vs Baby

Читај повеќе
  • play_arrow

Шварценегер го откри единствениот римејк на негов филм што би сакал да го види

Читај повеќе
  • play_arrow

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Читај повеќе
  • play_arrow

Нела Манческа со песната Miracle ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025

Читај повеќе