Наташа Габер-Дaмјановска реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Скопје, 9 декември 2022 (МИА) – Наташа Габер-Дaмјановска е реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители. Габер-Дaмјановска беше избрана со осум гласа за и еден воздржан на денешната седница на Управниот одбор на Академијата.

Во трка за директор на Академијата беа уште тројца кандидати, судиите Ненад Савески, кој доби три гласа за, пет против и еден воздржан и судијата Андреј Димовски за кого имаше девет гласа против. За судијката Емилија Шопар-Јованова не се гласаше, поради не исполнување на условите.

Ова е втор четиригодишен мандат на Габер-Дамјановска. Таа е поранешна уставна судијка и директорка на Институтот за социолошки и политички правни истражувања, а за директор на Академијата прв пат беше избрана во ноември 2018 година.

Согласно Законот за Академијата за судии и јавни обвинители директорката Наташа Габер-Дамјановска својата функција ја извршуваше до 30 ноември 2022 година, а Управниот одбор на Академијата, кој ден претходно ја одржа конститутивната седница го назначи Зоран Герасимовски член на УО за вршител на должноста директор на АСЈО, кој пак пет дена подоцна си даде неотповиклива оставката од лични причини.

Управниот одбор на 188 седница на 5 декември донесе одлука со која за в.д. директор на Академијата го именува Бесир Алиу, член на Управниот одбор на Академијата и јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово.

реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Македонија

Јавниот превоз утре и задутре со изменет режим

Read more

Левица: Трамвај наместо БРТ на Шилегов, конечни место половични решенија

Read more

Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Read more

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Read more
 

Вести

Јавниот превоз утре и задутре со изменет режим

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица: Трамвај наместо БРТ на Шилегов, конечни место половични решенија

Читај повеќе

Путин испрати предупредување до Западот

Читај повеќе

Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Читај повеќе

Се продава легендарниот хотел Славија во Белград

Читај повеќе

Амбулантите и болниците ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Читај повеќе

Во Белград градски автобус се преполови буквално па половина

Читај повеќе

Естонија, Латвија и Литванија ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради Русија

Читај повеќе