НАТО договара план за Украина во случај Трамп да победи на изборите

Макфакс
/ 03.04.2024 / 09:29

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска се состануваат за да разговараат за тоа како да се постави воената помош за Украина на долгорочна одржлива основа, вклучително и предлог за петгодишен пакет од 100 милијарди евра кој ќе обезбеди поддршка за Киев доколку Доналд Трамп се врати во Белата куќа.

Предлогот на генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе ѝ даде на западната алијанса поголема улога во координирањето на снабдувањето со оружје, муниција и опрема за Украина, велат дипломатите. Планот ќе биде разгледан на дводневната средба во Брисел по повод одбележувањето на 75-годишнината од НАТО и подготовката за самитот во Вашингтон во јули.

Состанокот ќе покаже колку се спремни европските сојузници да ги поддржат воените напори на Киев против Русија во време кога во американскиот Конгрес е блокиран пакетот воена помош од 60 милијарди долари. Според плановите, НАТО ќе ја преземе координацијата од Рамштајн групата, ад хок коалиција предводена од САД, во случај Трамп да ја прекине воената помош за Украина доколку повторно стане претседател на САД.

НАТО како организација досега се фокусираше на обезбедување неборбена поддршка за Украина со цел да се избегне ескалација на тензиите со Русија, додека нејзините членки му обезбедија на Киев милијарди долари оружје на билатерална основа.

НАТО зазеде став дека Украина не може да се приклучи на алијансата додека трае војната со Русија, но дека ќе стане членка во одреден момент во иднина. Дипломатите предупредуваат дека разговорите за предлогот се во рана фаза и дека не е јасно дали пакетот за воена помош од 100 милијарди евра ќе биде прифатен и како ќе се финансира.

Одлуките во НАТО се носат со консензус на 32 членки. Средбата се одржува во време кога алијансата бара наследник на Столтенберг, кој ја извршуваше функцијата генерален секретар речиси десет години. Холандскиот премиер Марк Руте е поддржан од 90% од земјите-членки, вклучувајќи ги САД, Франција, Обединетото Кралство и Германија.

Сепак, Унгарија му се спротивставува поради неговите критики на премиерот Виктор Орбан и, од неодамна, на романскиот претседател Клаус Јоханис. Некои дипломати се надеваа дека наследникот на Столтенберг ќе биде избран веќе на состанокот во Брисел, но подоцна рекоа дека ќе биде потребно повеќе време. Други, сепак, се уверени дека Руте на крајот ќе биде назначен.

реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Дали ја знаете симболиката на кршењето со јајца за Велигден?

Read more

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Read more

Свет

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

Read more

Почина папата Франциск

Read more

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Read more

Лукашенко потврди дека имаат планови со Путин

Read more
 

Вести

Ватикан активира специјален режим по смртта на папата

Читај повеќе

Опожарена површина од околу 7 хектари со трска во Охрид

Читај повеќе

Почина папата Франциск

Читај повеќе

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1.740 кг небезбедна храна

Читај повеќе

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двете држави можат да направат богатство

Читај повеќе

Лукашенко потврди дека имаат планови со Путин

Читај повеќе

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Читај повеќе

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Меџити: ВЛЕН ќе се менува, платформата станува партија

Читај повеќе