Научници го соборија рекордот - измерена најниската температура досега

Тим германски научници успеаја да ја измерат најниската температура досега измерена во лабораторија.

Научниците штотуку го соборија рекордот и ја измерија најниската температура досега измерена во лабораторија: достигнаа температура од 38 трилионити делови од степенот над -273,15 степени Целзиусови.

Тим германски истражувачи ги истражуваа квантните својства на таканаречената петта состојба на материјата: Бозен-Ајнштајнов кондензат (BEC), гасен дериват што постои само во ултра-ладни услови. Додека е во BEC фаза, самата материја почнува да се однесува како еден голем атом, што ја прави особено привлечна тема за квантните физичари заинтересирани за механиката на субатомските честички, пренесува Live Science.

Температурата е мерка за молекуларни вибрации - колку повеќе се движи збирката молекули, толку е повисока колективната температура. Затоа, апсолутната нула е точката во која сите молекуларни движења запираат - минус 459,67 Фаренхајтови степени, или минус 273,15 спорез Целзиус. Научниците дури развиле специјална скала за екстремно ниски температури, наречена Келвинова скала, каде нула Келвини одговара на апсолутната нула.

Во близина на апсолутна нула, почнуваат да се случуваат некои чудни работи. На пример, светлината станува течност што буквално може да се истури во контејнер, според истражувањето објавено во 2017 година во списанието Nature Physics. Според списанието Nature Communications, супер ледениот хелиум престанува да доживува триење при многу ниски температури.

Соборување на рекордот

Во овој експеримент, научниците заробиле облак од околу 100.000 гасовити атоми на рубидиум во магнетно поле внатре во вакуумска комора. Потоа ја ладеле комората на околу 2 милијарди степени Целзиусови над апсолутната нула, што само по себе би бил светски рекорд.

Но, ова не било доволно ладно за истражувачите, кои имаа намера да ги поместат границите; за да ги направат атомите уште постудени, мораа да имитираат услови како што се во длабоката вселена. Така, тимот ја однесол својата инсталација во Фалтурм Бремен кулата на Европската вселенска агенција, истражувачки центар за микрогравитација на Универзитетот во Бремен во Германија кој може да продуцира бестежинска состојба.

Со пуштање на вакуумската комора во слободен пад со брзо вклучување и исклучување на магнетното поле, дозволувајќи BEC да плови неограничено со гравитацијата, го забавиле молекуларното движење на атомот на рубидиум на речиси ништо. Резултирачкиот BEC останал на 38 пикокелини - 38 трилиони делови од Келвин - околу 2 секунди, поставувајќи „апсолутен минусен рекорд“.

Претходниот рекорд од 36 милионити делови Келвини беше постигнат со специјализирани ласери од научници од Националниот институт за стандарди и технологија (NIST) во Болдер, Колорадо.

Најстудено познато природно место во универзумот е маглината Бумеранг, сместена во соѕвездието Кентавр, на околу 5.000 светлосни години оддалеченост од Земјата. Според Европската вселенска агенција, неговата просечна температура е -272°C (околу 1 Келвин).

Истражувачите на новата студија во соопштението велат дека, теоретски, тие можат да ја одржат оваа температура дури 17 секунди во реални услови без тежина, како оние во вселената. Ултра ладните температури еден ден може да им помогнат на научниците да направат подобри квантни компјутери.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе