Научници открија како до супер имунитет против ковид

Неверојатно висок имунолошки одговор е пронајден кај целосно вакцинирани лица кои потоа и се заразиле со вирусот.

Целосно вакцинираните луѓе кои се заразиле со COVID-19, како и оние кои биле заразени пред вакцинирањето, ново истражување откри дека го имаат најдобриот имунолошки одговор доколку повторно го закачат вирусот.

Истражувачи од Универзитетот за здравје и наука во Орегон земале примероци од 104 лица, сите вакцинирани со две дози од вакцината на Pfizer/BioNTech. 42 од нив никогаш немале ковид, 31 биле вакцинирани после прележување, додека 31 имале инфекција после вакцинирањето.

Примерок на крв на секој од нив истражувачите го подложиле на варијантите алфа, бета и делта на COVID-19 и откриле дека комбинацијата од вакцина и природен имунитет создава антитела барем 10 пати помоќни отколку имунитетот создаден само преку вакцинација.

Како резултат на тоа истражувачите заклучиле дека „додатна антигенска изложеност од природна инфекција значително го зголемува квантитетот, квалитетот и ширината“ на имунолошкиот одговор кон болеста, „без разлика дали првата зараза била пред или после вакцинацијата“.

„И во двата случаја ќе добиете многу, многу обемен имунолошки одговор - неверојатно висок“, вели Фикади Тафесе, асистент професот по молекуларна микробиоогија и имунологија при Универзитетот за здравје и наука во Орегон.

Студијата објавена во вторникот во Science Immunology списанието тврди дека „додека возраста негативно се одразува на создавањето антитела само со вакцинација, не е пронајдена врска помеѓу возраста и групите со хибриден имунитет“.

Тафесе истакна и дека веројатноста за заразување по вакцинацијата е сè уште висока поради распространетото ширење на вирусот, но и дека со вакцините „ќе добиеме послаба болест, а ќе излеземе со супер имунитет“.

Ова ново истражување сугерира и дека „секоја инфекција е чекор напред кон потенцијално приближување на пандемијата кон својот крај“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе