Научници развиваат вакцина против COVID-19 во форма на спреј

Неколку научни тимови низ целиот свет работат на развој на вакцина против коронавирусот што би се давала назално во форма на спреј.

Повеќето вакцини што се користат во моментов се даваат со инјекција во рака, но научниците веруваат дека би имало многу повеќе смисла респираторните вируси да градат имунитет на првото место на контакт со телото, до кој доаѓа во слузницата на носот, устата и респираторниот тракт, пишува шпански El País.

На овој начин се користат неколку вакцини против грип и се верува дека оралната полио вакцина, одобрена во 1961 година, помогна во спречување на болеста, особено кај децата.

Вирусологот Рик де Сварт од медицинскиот центар „Еразмус“ во Ротердам рече дека вакцините за коронавирус кои моментално се користат штитат од тешки форми на COVID-19, но оти не секогаш го спречуваат пренесувањето на вирусот.

– Вакцините кои би се давале преку носот можат да обезбедат подобра заштита, иако останува да се види дали тие ќе се појават на пазарот пред крајот на пандемијата, рече Сварт.

Тимот на Сварт направи вакцина што се дава преку нос и го блокира влезот на вирусот во клетките, а спрејот беше тестиран на творови, кои можат да се заразат со коронавирусот исто како луѓето.

Откако им била дадена вакцината, животните биле ставени во кафези еден ден со животни кои биле веќе заразени со ковид, а резултатите покажале дека ниту едно вакцинирано животно не се заразило.

– Нашата цел е да развиеме вакцина против овој вирус, но прво треба да докажеме дека вакцината е безбедна и ефикасна за луѓето. Овој лек нема никакво влијание врз многу други респираторни вируси, па затоа може да се користи како брз одговор и во друга пандемија, рече Сварт.

Микробиологот од Универзитетот во Колумбија, Ана Москона, објаснува дека способноста на научниците да развиваат вакцини се заснова на децениско истражување за тоа како сродните вируси се врзуваат и продираат во клетките.

Неколку компании развиваат назални вакцини за ковид, а најмалку четири се во прва фаза на тестирање врз луѓе.

Во октомври минатата година, американски научници покажаа на глувци дека една доза назална вакцина е во состојба да го намали Ковид исто како и две дози на конвенционална вакцина и, исто така, да избегне инфекции за скоро 100 проценти.

– До крајот на пандемијата, треба да можеме да го запреме пренесувањето на вирусот, а овој вид вакцини може да го постигне тоа, рече имунологот Мајкл Дајмонд од Универзитетот во Вашингтон, Сент Луис, кој предводи клинички развој на вакцина.

Тој додаде дека овој вид вакцина може да биде ефикасен особено во превенција кај деца или како „засилувач на дозата“.

Претседателот на шпанското здружение за имунизација, Маркос Лопес, вели дека назалната вакцина го стимулира производството на антитела познати како имуноглобулин и оти тие можат да ја запрат инфекцијата пред таа да се спушти на белите дробови и другите органи.

Како што рече, веројатно нема да има време да се развие вакцина за оваа пандемија.

– Овој вирус најверојатно ќе стане ендемичен и ќе мора да се вакцинираме на секои неколку години. Овие вакцини можат да бидат корисни за доработка и подобрување на постојните имунизации. Тие ќе бидат неопходни, рече Лопес.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе

Apple испрати важно предупредување до корисниците

Читај повеќе

Кинескиот ракетен мотор тежок 130 тони собори рекорди за време на тестирањето

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА: Упс!

Читај повеќе

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Читај повеќе

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе